мини|десно|Селани во Сари Пазар на отоманска разгледница. Сари Пазар (, до 1926 Σαρή Παζάρ, Сари Пазар)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαρή Παζάρ - Ανθόφυτον — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 23 километри југозападно од градот Кукуш, на западните брегови од Горчливо Езеро, источно од реката Вардар, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 40 метри.
Сари Пазар опфаќа површина од 13 квадратни километри.
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сари Пазар се состоело од 35 семејства и 150 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Сари Пазар имало 40 жители Македонци и 50 РомиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165..
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 64 гркоманиBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99..
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. На пописот од 1913 година, во селото живееле 185 жители, но во 1920 година овој број се намалил на 118. Голем дел од населението заминало од селото кон Бугарија, и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1928 година, селото било преименувано во Антофитон.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 417 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 470 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 475 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 520 жители, во 1971 година имало 399 жители, во 1981 година имало 432 жители, додека во 1991 година имало 416 жители. Денеска, населението на селото е 380 жители.
Стопанство
Бидејќи самото село се наоѓа на Солунско Поле, селото е богато со жито. Населението се занимава и со сточарство.
Наводи
Категорија:Кукуш