Хаџилар или Иџиларе (, Ксилокератија; до 1927 г. Γιατζηλάρ, Јаѕилар)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 20 километри јужно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 30 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 78 метри.

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хаџилар се состоело од 80 семејства и 316 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Хаџилар имало 470 жители Македонци и 50 ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 164..

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 470 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99..

Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, Јоџиларе било мешано македонско и турско село со 70 куќи.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1927 година, селото било преименувано во Ксилокератија.

По потпишувањето на Лозанскиот договор, муслиманското население било принудено да го напушти селото.

Демографија

Во пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 62 жители, додека на пописот од 1920 имало 85 жители. Во 1928 година селото било чисто бегалско со 330 жители бегалци.

Градби

Во селото се наоѓа црквата „Св. Ѓорѓи“, која во 1986 година била прогласена за заштитен споменик на земјата.

Личности Родени во Хаџилар Александар (Алексо) Трајков (1889 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 723. Ангел Христов (1881 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 759. Ване Митрев (1877/1882 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 452. Васил Димитров (1892 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 214. Георги (Гоце) Марков Георгиев (1882 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 150. Д. Касанов (1892 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 341. Иван МитровМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 455. Никола (Коле) Трајков (1882 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 752. Петко Гинев (1884 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 177. Трајко Трајков (1884 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 728. Трајко Наков (1885 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 480. Трајчо ЌосетоМакедонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 107. Христо АтанасовМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 72. Христо Стоименов Милошов (1884 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 440.

Наводи

Категорија:Кукуш