Марковени или Марковјани (, Амбелохори; до 1927 г. Μαρκόβιανη, Марковјани, 1927-1950 г. Μαρκοχώρι, Маркохори) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот Округ на Западна Македонија, Грција. Сè до 1920-тите во селото живееле Македонци од христијанска и исламска вероисповед, а денес е македонско-грчко село.

Географија Селото се наоѓа на 5 км јужно од Рупишта, на десниот брег на реката Бистрица.

Историја Во Отоманското Царство Селото се спомнува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Марковани со 25 христијански семејства. На крајот од XIX век Марковени било чисто македонско село. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Марковени имало 194 жители, сите Македонци.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Марковени е чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 12 куќи.

На почетокот на XX век целото население на Марковени било под врховенството на Цариградската патријаршија. Грчките статистики од 1905 г. велат дека Марковјани имало 140 жители.Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Abelohori .

Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, Марковени (Μαρκόβενι) во 1910 г. имало 30 семејства, од кои биле македонојазични муслимани, а македонојазични христијани.

Според Георги Константинов Бистрицки Марковени пред Балканските војни се состоело од 35 македонски куќи — 20 христијански и 10 муслимански. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период вели дека Марковени има 7 куќи на Македонци христијани и 14 куќи на „Турци“ (впрочем Македонци муслимани). Тодор Симовски ја порекнува превалентноста на муслиманското население, тврдејќи дека христијаните секогаш биле побројни.

Во Грција За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска, и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 178 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 119.

Во 1922 г. муслиманското население на селото е иселено по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени 59 Грци.

Селото традиционално произведува градинарски култури и жито.

Марковени не настрадало во Граѓанската војна (1946-1949).

Во 1928 г. селото е преименувано во Маркохорион, но во 1950 г. го добило новото име Амбелохори, во превод лозово село. Таа година имало 135 жители.

Црквата на селото е „Св. Спиридон“.

Население

Наводи

Категорија:Рупишта