Дервент или Дервен (, Акритохори; до 1926 г. Δερβέντι, Дервенти) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.
Географија Селото се наоѓа северозападно од градот Сер и на 12 км северозападно од Валовишта. Лежи во живописна месност во југоисточното подножје на Беласица. Кај селото е манастирот „Св. Јован Претеча“.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Дервент бил чисто македонско село во Демирхисарската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дървент к’с чифлик (Dervent-këss tchiflik) бил село со 50 домаќинства на 160 Македонци.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото има 160 жители, сите Македонци христијани. Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. населението на Дервент (Dervent) се состоело од 160 Македонци, сите под врховенството на Цариградската патријаршија.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 195 жители, кои во 1920 г. се накачиле на 249 лица. Во 1924 г. населението е присилно иселено во Бугарија, а на негово место се доведени грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Акритохорион. На пописот од 1928 г. Дервент е заведен како наполно дојденско село со 344 жители (113 домаќинства).
+ Месности во Дервент преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Име Ново име Ново име Опис Исли Таш Ίσλί Τάς Палеопетра Παλαιόπετρα месност на З од Мандраџик Големо Греки Јованоглу Μεγάλο Γκρέκι Γιοβάνογλου Мегали Стани Μεγάλη Στάνη месност на Беласица на СЗ од Дервент Мало Греки Јованоглу Μικρό Γραίκι Микри Стани Μικρή Στάνη месност на Беласица на СЗ од Дервент Орта Буру Όρτά Μπουρού Месорема Μεσόρεμαрека на Беласица на СЗ од Дервент Дејдеко Ντέϊν Ντέκο Какодијавато Κακοδιάβατοмесност на Беласица на СЗ од Дервент Конаци Κονάκια Каталима Κατάλυμαмесност на Беласица на СЗ од Дервент Демир Капија Δεμίρ Καπού Сидеропетра Σιρεδόπετραмесност на Беласица на СЗ од Дервент, Ј под врвот Радомир (2.029,2 м) Таш Мандра Τάς Μάνδρα Мандра Μάνδρα гранична месност на Беласица на ССЗ од Дервент, Ј под врвот Фурка Једи Куле Γεντή Κουλέ Епапиргион Έπταπύργιονмесност на Беласица на С од Дервент, Ј под врвот Конгур (1.951,3 м) Мемиш Јатаки Μεμίς Γιατάκι Апандима Άπάντημα Чајнк Каја Τσάϊνκ Καγιά Петроплаја Πετροπλαγιά Бахтијар Μπαχτάρη Елос Έλοςпоранешно село на Ј од Дервент
Население
Личности Тане Комитата (? – 1912) — борец во МОО, четата на Панајот Карамфилович, загинал на 21 ноември 1912 г.
Културни и природни знаменитости Манастир „Св. Јован Претеча“ од 1981 г.
Наводи
Категорија:Синтика Категорија:Беласица