Сенгелово (, Ангистро; , Ченгел; до 1927 г. Τσιγγέλη, Τσιγγέλι, Цингели) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот Округ, Грција.

Географија Селото се наоѓа во Светиврачко-петричката Котлина, во северното подножје на Сенгелска Планина, непосредно до границата со Пиринска Македонија (денес во Бугарија). Лежи 50 км северно од градот Сер. Во селото има и лековити минерални извори со температура од околу 38 °C, користени уште од древно време. Северно од Сенгелово тече реката Пиринска Бистрица.

Историја Средновековие Кај селото има минерален извор и среновековна бања. Во центарот стои старата средновековна кула од XIV век, подоцна претворена во саат-кула.

На 3,5 км северозападно се наоѓа ранносредновековната тврдина Субаши.

Во Отоманското Царство Според предание запишано од Јордан Н. Иванов селото било напуштено во „чумните години“ пред доаѓањето на Османлиите, и на почетокот на XIV век некојси Ибрахим-паша Сенгел-бег го основал новото село. За да ги привлече македонците од околните села, тој во селото ја изградил старата црква „Св. Спас“. Црквата „Св. Атанасиј“ е од средината на XIX век. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ за 1873 г. Ченгел Калеси или Ченгел Ќој е посочено погрешно како малко муслиманско село со 50 домаќинства на 130 жители.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Сенгелово живееле 1.200 Македонци, 200 Турци, 120 Власи и 130 Роми.

Сите жители на селото биле под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Сенгелево имало 1.536 Македонци егзархисти, 72 Власи и 18 Роми, а во селото работело бугарско училиште.

До крајот на XIX и почетокот на XX век село Сенгелово било еден од важните центри на железната индустрија во областа Мрвачко. Во селото до средината на XIX век работел и самоков. Во рудниците некогаш се добивало и злато и сребро, за што сведочат старите галерии, наречени златници. Кај селото има огромни купишта згура, најголемите во цело Мрвачко.

Во Грција мини|250px|Бања во Сенгелово Во Првата балканска војна во 1912 г. Сенгелово е окупирано од VII Рилска дивизија на Бугарската армија. Тогаш селото имало 370–200 македонски, 70 турски, 70 ромски и 30 влашки куќи. По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 1.190 жители.

Во 1916 г. професорот Васил Златарски го посетил селото како учесник во научно-разузнавачката мисија во Македонија и Поморавјето приредена од воениот штаб. Во отчет до началникот тој напишал: Според бугарски извори, во Првата светска војна голем дел од жителите се иселиле во Бугарија, и во селото наводно останале само 17 гркомански семејства. Македонскиот историчар Тодор Симовски го посочува пописот од 1920 г. каде вели дека тогаш биле заведени 965 жители, што би значело дека бројот на иселениците е драстично помал. Во 1927 г. селото е преименувано во Ангистрон (кука) а во селото се доведени грчки колонисти од Мала Азија. На пописот од 1928 г. Сенгелово било мешано мештанско-дојденско село со вкупно 1.240 жители, од кои само 346 лица биле грчки дојденци, а остатокот македонски мештани. Така селото повторно станало етнички мешано, но со голема бројна надмоќ на Македонците.

Потомците на бегалците од Сенгелово во Бугарија живеат во Свети Врач (Пиринска Македонија), Аспарухово (Варненско) и други.

+ Месности во Сенгелово преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Ушика Ούσίκα Оксила Όξειλάсрт на Славјанка на ИЈИ од Сенгелово и на ЈЈИ од Лехово (1.153 м) Волага или Волак Рамен Βολακ Ραμάνι Ликотопос Λυκοτόποςсрт на Славјанка на И од Сенгелово и на ИЈИ од Лехово (1275 м); членувано од Волак Хуни Удуришта Χουνί Ούντουρίστ Лакома Λάκκωμαмесност на Славјанка на И од Лехово Артлиж Άρλέτζ Месокорфи Μεσοκόρφιграничен врв на Славјанка на СИ от Лехово, гранична пирамида бр. 89 (1345,8 м) Моково Μόκοβα Вуркос Βούρκος Чамара Ποζιάρα Плая Πλαγιάврв на Сенгелска Планина на ЈИ от Сенгелово (1018 м) Чал, членувано Чало Τσάλ Дасотон Δασωτόν заоблен врв на Сенгелска Планина на ЈЈИ од Сенгелово (1.294 м) Папра Πάπραν Керасиес Κερασιέςмесност на Сенгелска Планина на Ј од Сенгелово Боро Μπορό Перасма Πέρασμα Мал Тепе Μάλ Τεπέ Војдокорфи Βοϊδοκορφήврв на Сенгелска Планина на ЈЈЗ од Сенгелово (662 м) Дирин Ντιρίν Ватирема Βαθύρεμα Трнка Τρίγκα Дамаскиниес Δαμασκηνιέςвозвишение на З од Сенгелово (263 м) Шумалак Σουμαλάκ Потисма Πότισμαмесност во пазувите на Сенгелска Планина на ЈИ од Сенгелово Трнка Τρίγκα Дамаскино Δαμάσκηνοпоранешно село на ЗСЗ од Сенгелово Башлица или Хамам Μπασλίτσα Ангистру Рема Άγκίστρου Ρέμαрека на Ј од Сенгелово Ахасма Άχασμα Амбелија Άμπέλια возвишение на ЗСЗ од Сенгелово (268 м) Чучур Τσουτσόρ Платома Πλάτωμαмесност на СЗ од Сенгелово Батан Дере или Ботон Дере Μποτόν Ντερέ Рематија Ρεματιάрека на С од Сенгелово, лева притока на Петровска Река Катал Κατάλ Ксиротопос Ξηρότοπος Тисата Τίσσα Авго Άβγό падина со ниви ЈИ од Сенгелово Рупа Ρούπα Проварма Πρόβαρμαмесност на СИ од Сенгелово Сантово или Содол Σοντόλ Катомерон Κατώμερονмесност на С од Сенгелово, по десниот брег на Батан Дере

Население

Културни и природни знаменитости Црква „Св. Атанасиј“ од XIX век

Личности Елена Стаматова Башлиева (1919 – ?) — партизанка во ДАГ, иселеничка во Плевен од 1947 г., потоа со сопругот преселена во Варна Иван Коджабашев – Бензина — деец на ВМОРО и ВМРО, убиен од ванчомихајловистите во 1927 г.

Поврзано Сенгеловска бања Сенгеловска саат-кула Субаши

Наводи

Категорија:Синтика