Блага Видец (Битола, – Сараево, ) — македонска оперска пејачка - мецосопран.
Животопис Видец е родена во Битола на 24 септември 1930 година. Пеење учела во Загреб и во Љубљана. Била солист на Операта на МНТ од 1954 до 1960, а потоа на Сараевската опера. Остварила повеќе главни улоги од мецосопранскиот фах, меѓу кои: Ацучена (Трубадур), Амнерис (Аида), Далила (Самсон и Далила), Кармен, Фенена (Набуко), Поседувала природна музикалност и смисла за сценско обликување. Настапувала на концертниот подиум и во доменот на народната и забавната музика.
Фестивали 1960 Опатија — Приспивна за Скопје 1974 Илиџа — Сакај, љуби
Наводи
Категорија:Македонски оперски пејачи Категорија:Македонски џез-пејачи Категорија:Македонски народни музичари Категорија:Луѓе од Битола Категорија:Починати во Сараево