thumb|300px|Железната црква „Свети Стефан“ во Цариград — катедрален храм на Бугарската егзархија до 1913 година Бугарска егзархија () — автокефална бугарска националнаStephen A. Fischer-Galaţi - „Man, state, and society in East European history“, 1970, Praeger, с. 200 („...and in 1870 it established a Bulgarian national church (Bulgarian Exarchate)“)L. S. Stavrianos, Traian Stoianovich - „The Balkans since 1453“, 2000, C. Hurst & Co. Publishers, с. 371 („BULGARIAN EXARCHATE The first great victory for Bulgarian nationalism was the establishment in 1870 of a national church known as the exarchate.“) црква, создадена на 28 февруари 1870 година."Bulgarian Orthodox Church", Encyclopædia Britannica: "The struggle for an independent Bulgarian church, begun late in the 18th century, culminated in the establishment in 1870 of a Bulgarian exarchate." L. S. Stavrianos, Traian Stoianovich, "The Balkans since 1453", "Bulgarian Exarchate", p. 371: "The first great victory for Bulgarian nationalism was the establishment in 1870 of a national church known as exarchate." Таа била создадена на неканонски начин, по волја на турските власти, без согласност на Цариградската патријаршија. Поради тоа во 1872 година, на еден локален собор во Цариград, била прогласена за расколничка организација.Таа била во раскол до 1945 година, кога се помири со Цариградската патријаршија, добивајќи признание за автокефалност. Бугарската егзархија била издигната во улога на патријаршија во 1953 година и оттогаш е позната под името Бугарска православна црква, кое го носи и денес.

Според одредени книги како таа од истражувањето на Васил К’нчов „Македонија. Етнографија и статистика“ (1900) Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900 , како и од истражувањето на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев „La Macédoine et sa Population Chrétienne“ (1905)D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905. Егзархијата дејствувала на неканонски начин во Македонија.

Историски предуслови По уништувањето на Трновската патријаршија (1393) сите епархии преминале под директна контрола на Цариградската патријаршија. Специфичноста на бугарската ситуација во однос на другите балкански народи, Срби, Грци и Романци, може да се огледа во различниот пат кон национална еманципација. Додека кај другите народи тој процес прво подразбирал создавање на држава, а потоа автономна или автокефална црква, кај Бугарите тој процес бил обратен. Бугарските земји биле најблиску до центарот на Османлиското Царство, со голем број не само муслиманско, туку и туркофонско население, па во нив не било едноставно да се подигне востание за ослободување. Тие сепак не изостанувале, но се до 1878 година изостанувал резултатот. Добар пример за тоа е Одринскиот мировен договор помеѓу Русија и Османлиското Царство од 1829 година. По успешниот руски поход на Балканот, скоро сите народи добиле нешто: автономијата на Влашко и Молдавија била осигурана, создадено било автономното Кнежевство Србија, како и независно Кралство Грција. Само бугарскиот народ, на чие тло се воделе воени операции, кои довеле до негови големи страдања, не добил ништо, освен амнестија од отоманските власти. Повлекувањето на руската војска, на која во текот на војната помош и пружеле бугарските доброволци, кај Бугарите предизвикувало чувство на безнадежност. Емигрирањето на Бугарите по склучувањето на мирот било големо. Помеѓу 140 и 160 илјади луѓе пребегнале во Влашко. Таа била една од причините што со текот на времето, нивното национално движење, во согласност со милет системот на Отоманската Империја, сè повеќе се изразувал преку стремежот кон образовна и црковна независност, бидејќи религиозните заедници контролирале важни сегменти од општествениот живот дури и за време на Танзиматските реформи (религија, семејство, образование).

Во Отоманското Царство, во која православните христијани на Балканот биле организирани во општ Рум-милет, потчинет на Цариградската патријаршија, високиот клир бил составен претежно од Грци и во споредба со нивната национална Голема Идеја црковната политика била насочувана кон целосно укинување на образованието и црковните служби на словенски јазик и воведување на образование и служби на грчки јазик. Кон крајот на 18 и почетокот на 19 век изразен бил грчкиот етнички ексклузивитет во поглед на патријаршиските институции. Меѓутоа, со исклучок на Грците, ниту еден балкански народ, вклучително и автономните романски кнежевства, не ги искористил толку добро можностите кои ги пружела Вселенската патријаршија за сопствениот просветен и културен развој, како што тоа бил случајот со Бугарите. Често, живеејќи помешани со Грци, делејќи слични вредности и покрај повремените несогласувања, Бугарите покренале значаен образовен процес во првата половина на 19 век. Покрај некои школи во поголемите центри, и помалите црковни и манастирски школи, во кои основна писменост и теолошко знаење стекнале некои од најугледните бугарски духовници, Бугарите позитивно го искористиле фактот за јакото грчко влијание во доменот на црковните работи, па така биле формирани школи кои се нарекувале „бугарско-грчки“, кои пружеле значајно подобро теолошко и општо образование, а нивната посебна предност се огледува во тоа што наставната програма подразбирала сериозно и задолжително изучување на грчкиот јазик. Со тоа знаење, патот во високите структури на Патријаршијата бил поотворен, па бројот на митрополити Бугари со текот на времето растел. Рилското училиште од овој вид е најдобар пример за тој успешен потфат. Неговите ученици, покрај останатото, добро ги владееле бугарскиот, црковнословенскиот, старогрчкиот и новогрчкиот јазик. Во него учел и Авксентиј Велешки, митрополит кој бил еден од тројцата најголеми заговорници за создавање на самостојна Бугарска црква. Еден од учениците, архимандритот Неофит Рилски, бил професор по црковнословенски јазик во Патријаршиската академија на Халки, во периодот од 1848 до 1852 година. Тоа бил сигурен пат да се зголеми бројот на митрополити Бугари, со добри врски во Цариград, како во Патријаршијата, така и во економски силната бугарска цариградска општина, која постепено ќе ја преземе управата над важни митополии со претежно бугарски верници, и во даден момент ќе ја реализираат идејата за создавање на Бугарска црква. Друг важен фактор за појавување на незадоволство од клирот на патријаршијата во словенските епархии била широко распротстранетата корупција, бидејќи за скоро сите назначувања и дејства клирот барал да се плаќа. Зачувувањето на словенскиот јазик и создавањето на одделни бугарски црковни и образовни институции во тие услови биле прашања од првостепена важност.Барбара Йелавич, "История на Балканите", Том I XVIII-XIX век, София, 2003, стр. 341.

Црковната борба

Почеток на организираната борба Првиот протест на национална основа против грчката политика бил кренат во градот Враца во 1824 година. Конкретниот повод бил новиот вонреден данок, побаран од грчкиот митрополит. Борбата за назначување на митрополит Бугарин продолжила неколку години и завршила во 1827 година со погубување на водачот на бугарската општина по обвинувања од страна на грчкиот клир пред отоманската власт во врски со Русија и потикнување на населението кон немири и востание. Во периодот до 1839 година слични протести со барања на прогонување на грчките митрополити и назначување на бугарски започнале и во други градови - Самоков, Стара Загора, Нова Загора, Казанлак. Во сите тие случаи Цариградската патријаршија ги одбила барањата на верниците и назначувала единствено лојални кон нејзината политика владици.Пламен Митев, "Българското Възраждане", София, 1999, стр. 76.

мини|220п|Неофит Бозвели (околу 1785–1848), предложен за трновски митрополит во 1839 година.|лево

Следниот веќе систематски организиран период во развојот на борбата започнал во 1839 година во градот Трново, каде во 1838 година бил назначен нов грчки владика, кој веднаш по неговото пристигнување побарал од верниците нови и повисоки даноци. Локалните бугарски водачи биле револтирани од тие барања, а исто така и од општиот непријателски однос кон Бугарите, и организирале акција за протерување на Митрополитот. Дополнителна храброст давал почетокот на реформи во Отоманското Царство (познати во историографијата како епоха Танзимат) и поточно програмата на султанот за промени Ѓулхански хатишериф од 1839 година, која содржела идеи за нови закони со гаранции за правата на сите поданици независно од нивната народност и вера. На крајот од годината од името на населението на 16 потчинети на трновскиот владика кази биле испратени молби до Цариградската патријаршија и владата на Отоманското Царство Гркот да биде заменет со Бугарин. За нов владика се предлагал Неофит Бозвели, роден во градот Котел, монах од Света Гора, публицист, писател и долгогодишен свештеник во Трново. Учесниците во бугарската делегација до Високата порта биле подмитени од Патријаршијата и нивната мисија пропаднала. Како обид за компромис во Трново бил назначен нов грчки митрополит, додека Бозвели бил определен за негов протосингел со перспектива во иднина да биде владика на градот Ловеч. По пристигнувањето на новиот грчки духовник во крајот на 1840 година односите со Бугарите останале напнати, Бозвели ја одбил позицијата на протосингел и се повлекол во еден соседен манастир. Овој акт бил прифатен од Патријаршијата како провокација и отворен бунт, за кое Бозвели бил уапсен и заточен во Света Гора. Во отсуство на нивниот духовен водач трновските Бугари времено ги прекинале протестите.Пламен Митев, "Българското Възраждане", София, 1999, стр. 77.

Борбата од Цариград (1844–1853) мини|right|200px|Иларион Макариополски (1812–1875)