Доушник! () е американска политичка црна комедија – филм од 2009 год. Филмот е режиран од познатиот Стивен Содерберг, додека пак приказната е адаптација на истоимената книга од 2000та година, во која се прикажани вистински настани.
Кратка содржина Филмот е заснован на вистинската приказна за најпознатиот корпоративен доушник во историјата на Америка. Што ли мислел Марк Витакер? Вистинска ѕвезда во индустриската компанија Arcer Daniel Midland, Витакер наеднаш станува доушник. Иако тој разоткрива за ФБИ, мултинационално местење на цена во својата компанија, Витакер се замислува себеси како херој, кој од народот добива унапредување. Но пред да се случи сето тоа, на ФБИ му се потребно докази, па затоа Витакер воодушевено се одлучува да носи микрофон и скриен касетофон во својата ташна, замислувајќи се себеси како стандарен таен агент. На несреќа на ФБИ, нивниот главен сведок и не бил толку тивок кога се во прашање престоечките настани. Неговото однесување со текот на времето почнува да ги фрустрира агентите бидејќи повеќе не можат да докажат што на крајот е реалност а што бујна фантазија.
Улоги Мет Дајмон - Марк Витакер Скот Бакула - ФБИ агент. Брајан Шепард Џоел МекХејл - ФБИ агент. Роберт Херндон Мелани Лински - Гингер Витакер Томас Вилсон - Марк Шевирон Алан Хави - Ден Писли Скот Адсит - Сид Хулс
Награди и номинации
Златен Глобус 2010 Најдобар глумец во комедија/мјузикл (Мет Дејмон) номинација
Белешки
Надворешни врски Официјално мрежно место Семрежна филмска база на податоци Ротен Томатоес
Категорија:Филмови од 2009 година Категорија:Филмови со Мет Дејмон Категорија:Филмови на Стивен Содерберг Категорија:Филмски комедии Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик