мини|десно|200px|Дванаесетте олимписки богови од Монсје, датира од XVIII век. Олимписките богови или дванаесетте олимписки богови, познати и како Додекатеон (, додека, „дванаесет“ + θεοί, тео, „богови“), во старогрчката митологија, се главните богови на грчкиот пантеон, живеејќи на врвот на планината Олимп. Првиот антички навод за религиозни свечености приредени во нивна чест е најден во Хомеровата химна за Хермес. Класичната шема на Дванаесетте олимписки богови (Прописните дванаесеттемина на уметноста и поезијата) е составена од следните богови: Зевс, Хера, Посејдон, Деметра, Арес, Хермес, Хефест, Афродита, Атена, Аполон, Артемида и Хестија. Соодветната римска шема е составена од следниве богови: Јупитер, Јунона, Нептун, Церера, Марс, Меркур, Вулкан, Венера, Минерва, Аполон, Дијана и Веста.*

Во антиката, сепак, имало, доста расправи околу тоа кој сè се вбројува меѓу олимписките богови.According to Околу 400 години пр.н.е. Херодот во неговиот Додекатеон ги вклучил следниве божества: Зевс, Посејдон, Хера, Атена, Хермес, Аполон, Алфеј, Крон, Реја и Грациите. Виламовиц се согласува со Херодоровата верзија на дванаесетката.

Херодот го вбројува Херакле како еден од дванаесетката.Herodotus, The Histories, 2.43-44 Лукијан ги вклучува Херакле и Асклепиј во дванаесетката, без при тоа да објасни кои два бога ги исфрла. На Кос, Херакле и Дионис се додадени на дванаесетката, а Арес и Хефајст се изоставени. Како и да е, Пиндар, АполодорPindar, Olympian Odes, 10.49 и Херодор не се согласуваат со ова. За нив Херакле не е еден од дванаесетте олимписки богови, туку оној кој го востановил нивниот култ. Олимписки богови Грчко имеРимско имеСтатуаБог/Божица на...ПоколениеЗевсЈупитер75pxКрал на боговите и владетел на Олимп; бог на небото, бурата и правдата.ПрвоХераЈунона75pxКралица на боговите и владетелка на небото; заштитничка на жените, бракот и мајчинството.ПрвоПосејдонНептун75pxГосподар на морето; бог на морињата, земјотресите и создател на коњите.ПрвоДеметраКалкцевера75pxБожица на плодноста, полјоделството, природата и годишните времиња.ПрвоХестијаВеста75pxБожица на срцето и домашното огниште (се повлекува од дванаесетката и му го отстапува местото на богот Дионис).ПрвоАфродитаВенера75pxБожица на љубовта, убавината, страсните желби и плодноста.Второ [а]АполонАполон75pxБог на сонцето; бог на светлината, исцелувањето, музиката, поезијата, пророштвата, стреларството и вистината.ВтороАресМарс75pxБог на војната, бесот, омразата и крвопролевањето.ВтороАртемидаДијана75pxБожица на ловот и месечината, заштитничка на младите девојки и новороденчињата.ВтороАтенаМинерва75pxБожица на мудроста, човечките занаети и стратешките борби.ВтороХефестВулкан75pxКовач на боговите; бог на огнот и коваштвото.ВтороХермесМеркур75pxГласник на боговите; бог на трговијата, брзината, крадците и занаетот.Второ

Белешки а ^ Според наизменична верзија на нејзиното раѓање, Афродита е родена како ќерка на Уран — откако Крон ги фрлил кастрирани гениталиите на Уран во морето. Ова ја поддржува етимологијата на нејзиното име, „родена во морската пена“. Како таква, Афродита би припаѓала на горното поколение, или на некое еднакво на неа, односно на Зевс и неговите браќа и сестри. Погледни - Афродита. ''

Наводи

Категорија:Старогрчки божества

Категорија:Римска митологија Категорија:Старогрчка митологија Богови