Сеад Џигал (албански: Sead Xhigal; Скопје, ) е познат македонски комуниколог.
Животопис
Џигал е роден 1975 година во Скопје, каде и ги поминал сите степени на образование. Завршил студии по филологија на факултетот „Блаже Конески” во Скопје на катедрата за Македонски и јужнословенски јазици со изборна доквалификација филолог по албански јазик и книжевност. Од 2003 бил на магистерски студии по комуникации при ИСППИ во Скопје. Проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Во своите есеи, Џигал ги допира темите од сферата на културологијата, медиумите, современото живеење и социјално еволуирање на човекот и на неговата свест. Основач е на Центарот за нови медиуми.
Библиографија
Џигал има издадено две книги збирки културолошки едеи во 2002 година и издал текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre Iнternational, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…).
„Културолошки записи“, Македонска книга, Скопје
Наводи
Категорија:Македонски комуниколози Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски Бошњаци