За други значења на поимот „Куско“, видете ја страницата за појаснување.
Куско (; на ) — град во југоисточно Перу, во близина на долината Урубамба на планинскиот масив Анди. Градот е главен град на регионот Куско и на покраината Куско. Куско има население од околу 348.935 жители и се наоѓа на 3300 метри надморска височина. Градот бил историски главен град и центар на Империјата на Инките и во 1983 година станал дел од светското културно наследство на УНЕСКО.
Потекло на поимот Името на градот Куско доаѓа од кечуанскиот назив за градот "qusqu wanka" што во буквален превод значи карпа на бувот.
Историја Куско бил главен град на Империјата на Инките. Се смета дека некаде во 11 век или 12 век бил основан од страна на Манко Капак. Овој град бил кралски и верски центар на Инките.
Збратимени градови
Куско е збратимен со: Витлеем, Палестина Ла Пас, Боливија Багио, Филипини Самарканд, Узбекистан Град Мексико, Мексико Кјото, Јапонија Џерзи, САД Лима, Перу Шартре, Франција Кесонг, Северна Кореја Атина, Грзија Москва, Русија Истанбул, Турција Хавана, Куба Копан, Хондурас Сиан, Кина Потоси, Боливија Квенка, Еквадор Рио де Жанеиро, Бразил Медисон, САД Ерусалим, Израел
Галерија </center>
Наводи
Поврзано Инки Империја на Инките Мачу Пикчу Кечуанци
Надворешни врски
Владина страница за Куско Владина страница за култура PromPerú: Владин туристички портал за Куско Општи информации и факти за Куско
Категорија:Градови во Перу Категорија:Градови во Царството на Инките Категорија:Светско наследство во Перу
Категорија:Населени места основани во 10 век Категорија:Населени места основани во 1533 година