thumb|250px|Тимпаните спаѓаат во котлести мембранофони Мембранофон е кој било музички инструмент што произведува звук првенствено по пат на вибрирање на растегната мембранаMembranophone, Encyclopædia Britannica анг.. Тој спаѓа во една од четирите главни поделби на инструментите во оригиналниот систем на Хорнбостел-Закс за класификација на музчките инструменти.
Повеќето мембранофони се тапани. Хорнбостел-Закс ги дели тапаните на три основни видови: удирачки тапани, каде кожата се удира со палка, со рака или со нешто друго; стринг (жичени) тапани, каде што непосредно до кожата има растегнати жици, кои своите вибрации ги пренесуваат на кожата; фрикциони (триечки) тапани, каде едно движење во вид на триење предизвикува вибрирање на кожата (вообичаениот вид има палка која поминува низ отвор на кожата која се влече напред-назад).
Исто така, има и еден друг вид на мембранофон, наречен пејачки мембранофон, од кои најпознат вид е казуто. Овие инструменти го изменуваат звукот што претходно е произведен од нешто друго, обично човечки глас, предизвикувајќи вибрирање на кожата заедно со нив.
Наводи
Категорија:Ударни инструменти
Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ