Минатото-идно време — едно од сложените глаголски форми на македонскиот јазик. Ова време е конкретно по тоа што со него се искажува идно дејство, но од минат глаголски вид и идното дејство не се искажува во сегашноста. Ова време се формира со честичката ќе со кое се искажува идноста на времето и минато определено несвршено време на глаголот со кое се искажува минатиот глаголски вид.

Образување

Минатото-идно време се образува со ставање на честичката ќе пред глаголот. Глаголот кој следи по честичката е во минато определено време, кој пак може да биде од свршен и несвршен вид, односно минато определено свршено и минато определено несвршено време.

Промената на глаголи од несвршен вид изгледа вака:

вика крои печеЈасќе викав ќе кроев ќе печевТиќе викаше ќе кроеше ќе печешеТој, таа, тоаќе викашеќе кроеше ќе печешеНиеќе викавме ќе кроевме ќе печевмеВиеќе викавтеќе кроевте ќе печевтеТиеќе викаа ќе кроеја ќе печеа

Промената на глаголи од свршен вид изгледа вака:

викне скрои испечеЈасќе викневќе скроевќе испечевТиќе викнеше ќе скроеше ќе испечешеТој, таа, тоаќе викнешеќе скроеше ќе испечешеНиеќе викневмеќе скроевме ќе испечевмеВиеќе викневтеќе скроевте ќе испечевтеТиеќе викнеаќе скроеја ќе испечеа

Одречните форми на минатото-идно време се образуваат со партикулата не (не ќе викав) или со глаголот нема во форма за трето лице еднина во минато определено несвршено време и да-конструкција (немаше да викам, немаше да викаме).

Употреба

Минатото-идно време се користи за изразување на идност која не следува по моментот на зборувањето (сегашноста), туку по некој друг минат момент. Со други зборови, во моментот на соопштувањето на времето тоа е минато, а е идно во однос на друго минато дејство, бидејќи следува по него.

Ова време има слични значења со идното време. Неговото присуство посебно е забележливо во условните реченици за искажување нереален услов (пр: Да знаев, ќе кажев.) и во речениците во кои се набројуваат повторливи, последователни дејства што се случувале во минатото (пр: Ќе земев сол, ќе турев во солта малку вода...)

Наводи

Поврзано

Граматика на македонскиот јазик Глаголи во македонскиот јазик Македонски јазик

Надворешни врски Македонска граматика од Виктор Фридман. Граматика на македонскиот литературен јазик од Хорас Лант. Македонска граматика од Круме Кепески.

Категорија:Глаголски времиња во македонскиот јазик