Злато — хемиски елемент во периодниот систем на елементите со симбол Au (латински aurum) и атомски број 79.
Производство и на злато Во минатото, златото се добивало преку миење на златоносниот песок по реките и потоците, додека денес се користат посовремени методи за негова експлоатација. Во природата, златото се среќава често во форма на електрум (смеса од самородно злато и сребро) или како придружен метал во рудниците на бакар или во кварцните вени. Најголемите рудници на злато во светот се наоѓаат во Јужноафриканската Република. Други големи производители се Кина, САД, Австралија, Русија, Перу и Канада.
Трговија со злато Во 2014 година, светскиот пазар на злато изнесувал 3.924 тони. Почнувајќи од 1919 година, цената на златото се одредува на берзата во Лондон, каде двапати дневно, во 10:30 и во 15 часот по лондонско време, група банки, преку процес на наддавање, врши фиксирање на цената на златото (изразена во долари, фунти и евра). Сепак, по Глобалната финансиска криза од 2008 година се појавиле сомнежи дека, наместо на конкурентски начин, големите банки меѓу себе тајно ја договараат цената на златото. Во февруари 2015 година, весникот „Волстрит џурнал“ објавил дека Американското министерство за правда и Комисијата за термински стокови трансакции отвориле истрага за можните манипулации со цената на скапоцените метали на светскиот пазар. Претходно, пред судот во Њујорк биле обединети 25 поединечни тужби против неколку големи европски банки за наводно местење на цената на златото.„Големите банки манипулирале со цената на златото“, Дневник, година XIX, број 5704, сабота, 28 февруари 2015, стр. 26.
Употреба на златото
Златото како тема во уметноста и во популарната култура Златото како тема во книжевноста „Чисто злато...“ - босанска народна песна.Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 55. „Ќупот со злато“ (Aulularia)- комедија на староримскиот писател Плавт.Т. М. Плаут, Скржавецот (Аулулариа). Скопје: Детска радост, 2013. „Старецот и златото“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 84-85. „Злато во Калното село“ — песна на словенечкиот поет Отон Жупанчич.Отон Жупанчич, „Цицибан“ (второ издание), „Кочо Рацин“, Скопје, 1959, стр. 54-59. „Железо и злато“ (српски: Гвожђе и злато) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај.Јован Јовановиħ Змај, Песме. Београд: Рад, 1963, стр. 172-173. „Искушенија, или љубов, злато и слава“ - песна во проза на францускиот поет Шарл Бодлер.Charles Baudelaire, Spleen Pariza. Zgreb: Mladost, 1952, стр. 62-66.
Златото како тема во музиката „Дијаманти и злато“ (англиски: Diamonds & Gold) - песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1985 година.DISCOGS, Tom Waits – Rain Dogs (пристапено на 20.7.2019) „Куќа на златото“ (англиски: House of Gold) - песна на американскиот музичар Хенк Вилијамс (Hank Williams).YouTube, Hank Williams - House of Gold (пристапено на 3.5.2017) „Чисто злато“ (англиски: Solid Gold) — музички албум на британската рок-група Gang of Four од 1981 година.Discogs, Gang Of Four – Solid Gold (пристапено на 7.11.2022) „Злато и љубов“ (германски: Gold Und Liebe) — музички албум на германското електронско дуо ДАФ од 1981 година.Dicogs, Deutsch Amerikanische Freundschaft – Gold Und Liebe (пристапено на 23.6.2022) „Златан треска“ (англиски: Goldrush) — песна на швајцарската електро-поп група Јело (Yello) од 1987 година.Yello – One Second (пристапено на 9.4.2024) „Копање злато“ (англиски: Mining for Gold) - песна на американската група Каубој џанкис (Cowboy Junkies) од 1988 година.YouTube, Mining For Gold Cowboy Junkies (пристапено на 3.5.2017) „Во треската на златната прашина“ (англиски: In The Gold Dust Rush) - песна на шкотската рок-група Кокто Твинс (Cocteau Twins) од 1983 година.Discogs, Cocteau Twins – Head Over Heels (пристапено на 9.5.2020) „Златото наспроти душата“ (англиски: Gold Against The Soul) — песна од истоимениот музички албум на британската рок-група Меник стрит причерс (Manic Street Preachers) од 1993 година.Manic Street Preachers – Gold Against The Soul (пристапено на 3.3.2023) „Злато“ (англиски: Gold) - песна на британската поп-група Спандау балеј (Spandau Ballet) од 1983 година.YouTube, Spandau Ballet - Gold (пристапено на 24.1.2016) „Жена од златна прашина“ (англиски: Gold Dust Woman) - песна на американската рок-група Флитвуд Мек (Fleetwood Mac) од 1977 година.Discogs, Fleetwood Mac – Rumours (пристапено на 27.2.2019)
Наводи
Категорија:Хемиски елементи
Категорија:Благородни метали Категорија:Коцкести минерали Категорија:Самородни елементи Категорија:Скапоцени метали Категорија:Преодни метали Категорија:Тешки метали