Фудбалски клуб Црвена ѕвезда (српски: Црвена звезда) — фудбалски клуб од Белград, Србија. Во светот, клубот е познат и како: Red Star (Англиски), Roter Stern (Германија), Etoile Rouge (Франција), Stella Rossa (Италија), Estrella Roja (Шпанија), Rode Ster (Холандија), Røde Stjerne (Норвешка), Steaua Roşie (Романија).
Историја ФК Црвена ѕвезда е основана на 4 март 1945 година во Белград, како спортско друштво создадено непосредно по завршувањето на Втората светска војна. Клубот уште во првите години започнал да се наметнува на југословенската фудбалска сцена, а во 1946 година ја освоил својата прва шампионска титула. Во следните децении Црвена ѕвезда станала еден од најуспешните југословенски клубови, со бројни освоени првенства и купови.
thumb|300px|left|Тимот на Црвена ѕвезда пред почетокот на финалето на Купот на европските шампиони против Олимпик Марсеј во 1991 година. Во текот на 1960-тите години клубот бележел значајни успеси во домашните натпреварувања, а во 1968 година го освоил Средноевропскиот куп. Во 1979 година, стигнале до финалето на Купот на УЕФА, каде што загубиле од Борусија Менхенгладбах. Овој успех бил најава за најславниот период во историјата на клубот, кој следувал на крајот од 1980-тите и почетокот на 1990-тите. Под водство на тренерот Љупко Петровиќ, тимот создал генерација составена од голем број врвни југословенски фудбалери како Дејан Савичевиќ, Дарко Панчев, Илија Најдоски, Владимир Југовиќ, Синиша Михајловиќ, Роберт Просинечки, Миодраг Белодедиќ и др. Во сезоната 1990-1991, Црвена ѕвезда го освоила Купот на европските шампиони, откако во финалето на Сан Никола во Бари го победила Олимпик Марсеј по изведување пенали. Неколку месеци подоцна, во Токио, го освоила и Интерконтиненталниот куп со победата над чилеанската екипа Коло-Коло.Дневник, „Звезда на данашњи дан пре 21 годину постала првак света“ (посетено на 11.3.2015)
Во остатокот од 1990-тите години политичките и економските случувања во сега веќе поранешна Југославија значително влијаеле врз клубот и неговите настапи во Европа. И покрај тешкотиите, Црвена ѕвезда продолжила да освојува домашни трофеи и да ја задржува својата водечка позиција во српскиот фудбал. Во 2000-тите клубот поминал низ период на финансиски и организациски проблеми, проследен со чести промени во раководството и спортскиот сектор. Во 2014 година, Црвена ѕвезда повторно го освоила шампионатот на Србија, но во сезоната 2014-2015, поради неисплатените долгови кон поранешните фудбалери, тренери и вработените во клубот, добила забрана од УЕФА за настап во квалификациите за европските купови, иако во претходната сезона била српски шампион. Подоцна, во февруари 2015 година, УЕФА му дала ултиматум на клубот да ги исплати заостанатите долгови (во износ од 11,9 милиони евра) до 31 мај, со закана дека во спротивно ќе биде исфрлен од Суперлигата на Србија.„УЕФА ѝ се заканува на Ц. звезда и со дисквалификација од српската лига“, Дневник, година XIX, број 5704, сабота, 28 февруари 2015, стр. 24. Како последица на кризата во клубот, на почетокот на август 2015 година, оставки поднеле шестмина од раководството, на кои подоцна им се придружил и директорот на клубот, Звездан Терзиќ.„И Терзиќ поднесе оставка во Црвена звезда“, Дневник, година XIX, број 5834, петок, 7 август 2015, стр. 23. Сепак, набрзо по ова започнал нов период на стабилизација и успеси.
Од сезоната 2017-2018, „црвено-белите“ повторно станале редовен учесник во групните фази на европските натпреварувања. Во сезоната 2018-2019, по пауза од 26 години, клубот повторно се пласирал во групната фаза на Лигата на шампионите, што значело дека Црвена ѕвезда се натпреварувала за првпат откако новиот формат бил воведен во сезоната 1999-2000. Во наредните години Црвена ѕвезда воспоставила доминација во домашниот фудбал, освојувајќи повеќе последователни шампионски титули и купови. Клубот воедно продолжил да настапува во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, со што повторно го зацврстил своето место меѓу најзначајните клубови од регионот. Во периодот од сезоната 2017-2018 до 2025-2026, клубот освоил 9 последователни титули и таа серија сеуште трае.
Стадион
Својте домашни натпревари Црвена ѕвезда ги игра на стадионот „Рајко Митиќ“ (од 21 декември 2014 година), порано познат како стадион „Црвена ѕвезда“. Стадионот е со капацитет од 51.755 седечки места и најголемиот стадион во Србија и во поранешна Југославија.
Стадионот бил отворен во 1963 година, а со текот на времето и поради фактот што неговиот поранешен капацитет бил околу 110.000 гледачи, го добил неофицијалниот прекар „Маракана“, по големиот и познат стадион Маракана во Рио де Жанеиро, Бразил. Распродадената „Маракана“ во Белград стекнала репутација на исклучително тежок терен за гостинските екипи.
На овој стадион се одржале некои од најголемите фудбалски настани, меѓу кои и финалето на Купот на европските шампиони во 1973 година меѓу и , финалето на Европското првенство 1976 меѓу и .
Во средината на 1990-тите, со цел да се исполнат барањата на УЕФА во однос на удобноста и безбедноста на гледачите, местата за стоење на стадионот биле целосно отстранети, а на сите четири трибини биле поставени седишта. Во годините што следеле, капацитетот на стадионот постепено бил намалуван, а истовремено биле извршени и различни модернизации на стадионот.
Играчи Моментален состав
Тренери
</div>
Титули Домашни натпреварувања thumb|500px|right|Играчите ан Црвена ѕвезда ја слават титулата освоена во сезоната 2015-2016 Неофицијални првенства : 1 1946
Првенство на Југославија : 19 (рекорд) 1951, 1952-1953, 1955-1956, 1956-1957, 1958-1959, 1959-1960, 1963-1964, 1967-1968, 1968-1969, 1969-1970, 1972-1973, 1976-1977, 1979-1980, 1980-1981, 1983-1984, 1987-1988, 1989-1990, 1990-1991, 1991-1992
Првенство на СР Југославија : 3 1994-1995, 1999-2000, 2000-2001
Првенство на Србија и Црна Гора : 2 2003-2004, 2005-2006
Суперлига на Србија : 12 (рекорд) 2006-2007, 2013-2014, 2015-2016, 2017-2018, 2018-2019, 2019-2020, 2020-2021, 2021-2022, 2022-2023, 2023-2024, 2024-2025, 2025-2026
Куп на Југославија : 12 (рекорд) 1948, 1949, 1950, 1957-1958, 1958-1959, 1963-1964, 1967-1968, 1969-1970, 1970-1971, 1981-1982, 1984-1985, 1989-1990
Куп на СР Југославија : 7 (рекорд) 1992-1993, 1994-1995, 1995-1996, 1996-1997, 1998-1999, 1999-2000, 2001-2002
Куп на Србија и Црна Гора : 2 (рекорд) 2003-2004, 2005-2006
Куп на Србија : 9 (рекорд) 2006-2007, 2009-2010, 2011-2012, 2020-2021, 2021-2022, 2022-2023, 2023-2024, 2024-2025, 2025-2026
Летна лига на шампиони : 1 1971
Куп на прволигашите : 1 1972-1973
Меѓународни натпреварувања Европски куп на шампиони : 1 1990-1991
Интерконтинентален куп : 1 1991
Митропа куп : 2 1958, 1967-1968
Наводи
Надворешни врски
Матична страна Фан-страна на ФК Црвена ѕвезда ФК Црвена ѕвезда на soccerway ФК Црвена ѕвезда на transfermarkt
Категорија:Фудбалски клубови од Србија Категорија:ФК Црвена Ѕвезда