Самец () е американски драма филм од 2009 год. Филмот е заснован на истоимениот роман на Кристофер Ишервуд. Филмот е во режија на дизајнерот Том Форд. Во филмот како главен лик се појавува Колин Фирт како британски геј професор во колеџ кој живее во Јужна Калифорнија во 60те години.

Колин Фирт и Џулиен Мур добија номинација за најдобри главни глумци на престојните Златен Глобус номинации.

Премиерата на филмот беше на 11 септември 2009 во Венеција додека пак ограничената премиера во САД ќе биде во текот на демекври 2009, а се очекува филмот да влезе и во трката на престојните номинации за овогодинешните Оскари.

Кратка содржина Дејството се случува во Лос Анџелес, во 1962 год. Филмот е приказна за Џорџ Фалкон, 52-годишен професор на колеџ, кој се бори да најде смисла во својот живот, по смртта на долгогодишниот партнер Џим. Постојано гледајќи во минатото, Џорџ не гледа своја иднина. Минувајќи низ серија настани и средби тој се прашува дали има значење неговиот живот по смртта на Џим. Најголема поддршка има од својата пријателки Чарли, 48-годишна убавица, која има големи лични проблеми.

Улоги Колин Фирт - Џорџ Фалкон Џулиен Мур - Чарли Метју Гуд - Џим Џон Картахарена - Карлос

Надворешни врски Официјално мрежно место Семрежна филмска база на податоци Бокс Офис Мојо

Категорија:Филмови од 2009 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови со Џулиен Мур Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови со Колин Фирт