Борис Чипан (, 27 март 1918 - , 31 март 2012) ― македонски архитекти и редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје.
Животопис Чипан е роден во Охрид на 27 март 1918 година, тогаш во Царството Бугарија, односно за време на окупацијата во Првата светска војна. Во триесеттите години на XX век, тој заминал на школување во средно школо во Белград, благодарение на стипендија добиена од еден генерал од Охрид, кој очекувал неговите стипендисти да станат офицери на кралската војска. Чипан по матурирањето се пријавил во Воената академија, но не бил примен. Потоа се запишал на Архитектонскиот отсек при Техничкиот факултет во Белград, каде во 1941 година дипломирал. Покрај со педагошката дејност кога предавал проектирање и општествени згради, тој се занимавал и со конзервација на градителското наследство кога бил и прв директор на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, со архитектонско проектирање и со публицистика. Учествувал на повеќе анонимни архитектонски конкурси. На полето на конзервацијата позначајни остварувања му се: црквите „Св. Софија“ во Охрид, „Св. Наум“, „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези и др. Од областа на архитектонското проектирање позначајни објекти се: судските згради во Штип, Велес и Битола (1956); Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во Скопје (1976); Фабриката за фротир во Делчево (1959); поголем број на поединечни семејни куќи во Охрид. Тој се занимавал со научноистражувачка работа. Чипан е вториот носител на наградата „Андреја Дамјанов“ која ја добил во 1990 година. Починал во Скопје на 31 март 2012 година.
Библиографија Старата градска архитектура во Охрид (II издание), Скопје 1955; Македонските градови во XIX век, Скопје 1978; 111 тези за архитектурата, Скопје 1986; Света Софија, Катедрален храм на Охридската архиепископија, Скопје 1996; Текстови за архитектурата, 1998; Долни Сарај, епизода од историјата на Охрид со Џеладин бег, Охрид 2001; Моето време во Македонската архитектура, Скопје 2008;
Наводи К. Грчев, Архитектот Борис Чипан, во: Архитектурата на почвата на Македонија од средината на XIX до крајот на XX век, Прилози за проучувањето на историјата на културата на почвата на Македонија, 14, Скопје, 2006, 113–122.
Надворешни врски Комплетен животен опус
Категорија:Родени во 1918 година Категорија:Починати во 2012 година Категорија:Луѓе од Охрид Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски архитекти Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски архитекти Категорија:Добитници на наградата „Андреја Дамјанов“ Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Професори на Архитектонскиот факултет - Скопје