Кирибати за првпат учествуваше на Олимписките игри во 2004, на Летните олимписки игри, кои се одржаа во Атина. На овие игри, делегацијата на островската земја ја сочинуваа кревачот на тегови Мамеа Томас, кој беше и знаменосец и атлетичарите Какаинако Нарики и Каитинано Мвемвеата.

По успешното учество на Игрите на комонвелтот во 1998, спортските официјалци од оваа земја започнале да работат на воспоставување на односи со МОК. На состаокот на МОК во Прага во 2003, Кирибатите биле признаени и добиле право да учествуваа на следните Олимписки игри.

Спортисти од кирибати немаат учествувано на Зимските олимписки игри, а заклучно со 2009, спортистите од оваа земја немаат освоено олимписки медали.

Надворешни врски Кирибатите и нивната олимписка авантура Резултати на Кирибати на Олимписките игри

Категорија:Земјите на Олимписките игри