Росова Зависност () — зависна територија на Антарктикот (и други копнени маси во Јужниот Океан) под управа на Нов Зеланд, кој воедно и полага право на неаCommonwealth and Colonial Law by Sir Kenneth Roberts-Wray, London, Stevens, 1966. стр. 137. Подрачјето има облик на исечок кој започнува во Јужниот Пол, минувајќи низ географска должина 160° ИГД до 150° ЗГД, и завршува на географска ширина од 60° ЈГШ. Зависноста е со големина на Шведска и го сочинува најголемиот дел од Кралството Нов Зеланд. Го носи името на истражувачот Џејмс Кларк Рос, кој го открил Росовото Море.
Зависноста зафќа еден дел областа Викториина Земја и речиси сета Росова Ледена Плоча. Кон Росовата Зависност припаѓаат и Росовиот Остров, Балените и малиот Скотов Остров, како и зармзнатиот Рузвелтов Остров.
Населеност Единствените постојани живеалишта во зависноста се научните бази „Скот“ (Нов Зеланд) и „Мекмердо“ (САД), ако не се брои јужнополарната база „Амундсен-Скот“ на самиот раб на територијата. Зависноста има една снежна писта на Вилијамс Филд, и зависно од условите и годишното време, две ледени писти. Ова ја гарантира пристапноста на авиони со тркала и скии во текот на целата година.
Секое лето Италија врши научни истражувања во нивната база „Цукели“ во заливот Тера Нова, а од 1969 до 1995 г. Нов Зеланд имал летна база наречена „Ванда“ во суводолицата на територија на зависноста.
Од 1987 до 1992 во Росовата Зависност организацијата Гринпис имала своја станица наречена База на Светскиот парк, која била сместена на Росовиот Остров. Бидејќи оваа база била невладина, земјите не смееле да пружаат поддршка и помош од каков било вид.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Нов Зеланд, Антарктикот и Јужниот Океан — Министерство за надворешни работи и трговија на НЗ Антарктика Нов Зеланд — управа на Росовата Зависност 50-годишнина на антарктичката база „Скот“ Историја на Росовата Зависност — Кантербериски универзитет
Категорија:Територијални претензии врз Антарктикот Категорија:Антарктик Категорија:Кралство Нов Зеланд Категорија:Нов Зеланд Категорија:Територијални единици во Нов Зеланд Категорија:Држави и територии настанати во 1923 година