Нанометар (симбол нм, од грчки: νάνος, нанос за „џуџе“; μέτρον, метрон за „единица мерка“) е единица мерка за должина во метричкиот систем, еднаква на еден милијардити дел од метарот ( m). Може да се запише и во експонетен запис како , или пак во инженерски запис како или пак како метри. Еден нанометар е еднаков на 10 ангстреми. Кога се користи како претставка за други потреби покрај единици мерки, како на пример во „нанонаука“, се мисли на нанотехнологија, или пак за појава која се одвива во нанометри (Погледајте наноскопска скала).
Нанометарот честопати се користи за да се изразат димензии од атомски големини: пречникот на атомот на хелиумот, на пример , е околу 0,1 nm, а пак на рибозомот е околу 20 nm. Нанометарот честопати се користи за да се определи брановата должина на електромагнетното зрачење во близина на видливиот дел на спектарот: видливата светлина има бранова должина од 400 до 700 nm.Hewakuruppu, Y., et al., Plasmonic " pump – probe " method to study semi-transparent nanofluids, Applied Optics, 52(24):6041-6050 Ангстремот, кој е еднаков на 0,1 nm, порано се користел токму за овие цели, но сè уште се користи во други области. Од крајот на 1980-ите, се користи во 32 nm и 22 nm, и се користи за да се опишат вообичаените големини цо последователните генерации од ITRS за минитуризацијата во полуспроводничката индустрија.
Историја
Нанометарот порано бил познат како милимикрометар – или, пак, милимикрон – бидејќи е дел од микронот (микрометарот), и се означувал со симболот mµ или (поретко и збунувачки, бидејќи треба да се однесува на милионити дел од микронот) µµ.
Поврзано Нанотехнологија Ангстрем
Наводи
Надворешни врски
Near-field Mie scattering in optical trap nanometry Nanoscale Informal Science Network
Категорија:Единици за должина