Рухи Бакиу (албански; Ruhi Bakiu; , - ― македонски правник, публицист, член на РКЕ и универзитетски професор.

Животопис Бакиу е роден на 5 август 1964 во селото Калиште, Гостиварско. Основното училиште го завршил во родното место, средното во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ” во Тетово. Во 1984/85 година, тој се запишал на Правниот Факултет во Приштина, и истите ги завршил во 1990 година. По дипломирањето, тој кратко време работел во станбеното претпријатије Пулази (Pullazi) во Тетово. Во 1994, по основањето на Тетовскиот Универзитет, тој работел како секретар на Универзитетот. Од 1 март 2002 година, тој работел во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, како асистент и како повремено по предметот Уставно право и други сродни предмети. Во академската 1996/97 година, тој се запишл на последипломските студии (Административна-политичка група) при Правниот Факултет во Приштина. По завршувањето на испитите, во октомври 2001 година ја одбранил магистерската тема со наслов „Уставно-правната позиција на Албанците по Охридскиот Договор и уставните измени“, и се здобил со титулата магистер по правни науки. Во ноември 2005 година, од страна на наставниот совет на Правниот факултет при Универзитетот на Југоистаочна Европа била одобрена докторската тема „Правниот и практичниот аспект на парламентаризмот во Република Македонија“. Во академската 2004/05 година бил и продекан на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа. Учествувал во подготвувањето на план програмата на Академијата за судии и јавни обвинители во Република Македонија. Учествувал и во проектот наречен „Обука и подигнување на капацитетот на установите на локалната самоуправа“ (Training and Capacity Building of Local Self Government Institutions) кој е организиран од страна на Европската Агенција за Реконструкција и е поврзано со урбаното планирање на општинско ниво. Во септември 2007 година, од страна на Собранието на Република Македонија, тој бил именуван е за член на советот на Македонската радио-телевизија. На 25 декември 2007 година, по предлог на Владата на Република Македонија, од Собранието на Република Македонија е наименуван за член на Регулаторната комисија за енергетика на РМ со петгодишен мандатИменуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 5574/1 од м.декември 2007, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 156/07. Во јавноста е познат по несогласувањата со ректорот на ЈИЕ и штрајкот со глад. Живее во Мала Речица, Тетовско.

Библиографија Бакиу има објавено неколку научно-професионални трудови. „Уставно-правната позиција на Албанците во Република Македонија после Охридскиот Рамковен Договор и устваните измени”. (магистерски труд) Охридскиот договор – како нова правна основа за унапредување на уставно-правната позиција на Албанците во РМ (објавено од страна на Форумот на алабнските интелектуалци во РМ – фондација FRIEDRICH ERBERT Stiftung, јуни 2003 година) Претседателскиот систем на Соединетите Американски Држави и одликите на американското претседателство, “VIZIONE-1”, Скопје 2004. Македонија и албанскиот политички субјект, “VIZIONE-2”, Скопје 2004.

Наводи

Категорија:Луѓе од Калиште Категорија:Македонски Албанци Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски правници