Рефет Елмази (албански: Refet Elmazi; , ) — македонски политичар, висок функционер на ДПА, поранешен заменик министер за внатрешни работи и функционер во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање. Нарекуван е „Човекот за валканите игри на Тачи“.

Животопис Елмази е роден на 5 септември 1959 година во село Теново, Тетовско. Дипломирал на 19 февруари 1984 година Факултетот за одбрана при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 1984 до 1998 година, тој работел како професор во средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, а од 1998 па до 2000 година, тој бил заменик-министер во Министерството за одбрана на Македонија. Од 2000 до 2002 година во Владата на Љубчо Георгиевски бил заменик-министер во МВР, за повторно од 21 септември 2006 да ја врши устата функција сè до почетокот на 2008 кога поднел неоптповиклива оставка. На Елмази му се препишува заслуга за обезбедувањето на податоци за полициската акција во селото Бродец. Високите функции на Елмази поминуваат со инциденти и контроверзии во кои меѓународната заедница го посочува за директна вмешаност во изборни насилства и инциденти. На крајот од 2009 година Елмази се повлекува од функцијата како член на претседателството на ДПА и поднесува оставка.

Наводи

Категорија:Луѓе од Теново Категорија:Македонски политичари Категорија:Македонски Албанци Категорија:Македонски средношколски професори Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Југословенски средношколски професори Категорија:Политичари од ДПА Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“