Трговскиот центар Капитол е првиот модерен трговски центар на азискиот дел во Усќудар, Истанбул, Турција. Објектот бил отворен во 1993 година. Трговскиот центар е на шест спрата со површина од 73.000 метри. Опфаќа вкупно 157 продавници, со супермаркети, театри, ресторани за брза храна, кафулиња, куглања и забавен центар.

Овде се наоѓа и седиштето на приватното радио Капитол. Објектот исто така располага и со отворен и затворен паркинг, и фонтана. Месечно, трговскиот комплекс се посетува од страна на еден милион луѓе месечно. Посетителите се главно од источниот дел на градот. Внатрешниот дизајн на Капитол во 2017 година бил целосно обновен

Поврзано Список на трговски центри во Истанбул

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место From the Grand Bazaar to the modern shopping centers in Turkey. Turkish Council of Shopping Centers & Retailers (AMPD)

Категорија:Усќудар Капитол