Хотелот Султанахмед (турски: Sultanahmet Cezaevi), е поранешен затвор којшто се наоѓа во населбата Султанахмед, во Еминоину, Истанбул, Турција.

Објектот бил изграден во периодот помеѓу 1918/1919 година, и претставувал првиот затвор во Османлиското Царство кој бил изграден во современа конепција. Објектот е изграден во стил на неокласика, и се наоѓа веднаш до тогашниот суд, кој пак датира од 1845 година. На главната порта од затворот постои натпис кој гласи: Dersaadet Cinayet Tevkifhanesi. Освен постојаните машки затвореници, овде биле притварани и малолетници и жени. На 25 јануари објектот бил напуштен по изградбата на затворот Сагмалцилар.

Објектот долго време бил празен. Во 1992 година се донело одлука истиот да биде претворен во хотел. Така, денеска овој хотел е еден од најпознатите во градот. Се наоѓа во близина на најголемите туристички атракции на градот: Аја Софија, Султан Ахмедова Џамија, Цариградски хиподром и Топкапи-сарај. Хотелот има 65 соби и 11 апартмани, со капацитет од 130 гости. Осве хотелот, во објектот има отворено и ресторан со капацитет од 55 гости во зима и 95 во лето.

Поврзано Хотели во Истанбул

Наводи

Надворешни врски

Four Seasons Hotel Istanbul at Sultanahmet official site

Категорија:Архитектура од 20 век Категорија:Отомански затвори Категорија:Неокласична архитектура Категорија:Реконструирани проекти во Истанбул Категорија:Хотели во Истанбул Категорија:Затвори во Турција