Македонски Албанци или Албанци во Македонија () — најголемата малцинска заедница во Македонија. Вкупниот број на Албанците во Македонија е 446,245 жители, што претставува околу 24% од населението. Албанското малцинство живее претежно во северозападниот дел на Македонија. Најголеми албански заедници живеат во градовите Дебар (69.8 %), Тетово (54.6 %), Гостивар (41.4 %), Струга (32.6 %), Кичево (21.8 %), Куманово (23.5 %), Скопје (17.7 %) и во нивната околина.2002 Census results
Албанци во Македонија почнале да се доселуваат поинтензивно дури после средината на XVIII век. Според отоманскиот попис на населението од 1430–1431, во Македонија воопшто немало Албанци. Веќе од средината на XV век, со исламизацијата на Албанците, тие во мал број почнале да доаѓаат во Македонија како турски војници и наеминци, но во многу мал број. Во отоманскиот попис од 1452–1453 година, се забележани само 32 албански семејства на територијата на цела Македонија и тоа 31 семејство во вилаетот Калканделен (Полог) и едно католичко семејство во Скопје.
Денес, тие слободно го развиваат и афирмираат својот национален идентитет како што се јазикот и културните традиции. Албанскиот јазик е присутен на сите нивоа во просветниот процес, од основно, средно до високо образование. Во Скопје и Тетово постои и албански театар. Албанците имаат и свој национален празник (28 ноември – Ден на албанското знаме). Тие се присутни и активно учествуваат во политичкиот живот на Македонија.
Население мини|300x300пкс|Карта на Албанците во Македонија (2021) Според официјалните податоци од југословенските пописи, кои се одржувале на секои 10 години, Албанците сочинувале 12% од вкупното население на Македонија во 1953 година. Населението се зголемило на 19% во 1961 година. Во 1971 е забележан пад на 17%. Тие сочинувале 19,7% во 1981 година и 21% во 1991.Vladimir Ortakovski (2001): Interethnic relations and minorities in the Republic of Macedonia, Sts. Cyril and Methodius University, Skopje На последниот попис во 2021 година, албанското население изнесувало 24% од вкупното население на Македонија.
Бројот на Албанците во Македонија
Во 15 општини во Македонија, Албанците се мнозинско население. Овие општини, со податоците за населението се наведени во следната табела:
Бр.ОпштинаАлбанциНаселение1Арачиново10.87911.5872Боговиње27.61428.9973Брвеница9.77015.8554Врапчиште21.10125.3995Гостивар54.03881.0426Дебар11.34818.5427Желино24.19524.3908Кичево30.932*56.7399Липково26.36027.05810Сарај32.40835.40811Струга36.029*63.37612Студеничани11.79317.24613Теарце18.95022.45414Тетово60.88686.58015Чаир36.92164.773 *Во општините Струга и Кичево дел од населението кое се изјаснало како албанско, претставуваат Македонци муслимани. Станува збор за Македонците од селата Лабуништа, Подгорци, Октиси, Бороец во Струшко и Бачишта, Горно Строгомиште, Долно Строгомиште и други во Кичевско. Па така, реалната бројка на Албанците во овие две општини е помала (особено во Струшко).
Историја лево|мини|210x210пкс|Албанците во Македонија по населени места изразено во проценти. Албанци во Македонија почнале да се доселуваат поинтензивно дури после средината на XVIII век. Според отоманскиот попис на населението од 1430 - 1431, во Македонија немало воопшто Албанци. Веќе од средината на 15 век, со исламизацијата на Албанците, тие во мал број почнале да доаѓаат во Македонија како турски војници и наеминци, но во многу мал број. Во отоманскиот попис од 1452 - 1453 година, се забележани само 32 албански семејства на територијата на цела Македонија и тоа 31 семејство во вилаетот Калканделен (Полог) и 1 католичко семејство во Скопје. Овие Албанци веќе во најголем дел биле исламизирани и отоманските власти ги обележувале како „Арнаути“ или „Арбанаси“, како би се разликувале од староседелското. Имено, во пописните тефтери, отоманците на личните имиња на Албанците додавале “Арбанас“ или „Арнаут“ за да ги разликуваат од староседелците, за кои немало никакви придавки за народност.
Отоманскиот попис од 1467 - 1468 година забележува само 84 албански домаќинства на територијата на цела Македонија и тоа во следниве вилаетиТДИМН. ОПД, т. III, с. 35–143 (вилает Калканделен), с. 150; ТДИМН. ОПД, т. I, с. 197–199; ТДИМН. ОПД, т. II, с.139–271 (нахия Манастир), с. 271–485:
Попис 1467-1468 година: Вилает Калканделен (Полог) 20 домаќинства Вилает Ускуп (Скопје) 2 домаќинства Вилает Пирлепе (Прилеп) 10 домаќинства Вилает Ќипрјули (Велес) 3 домаќинства Нахија Крчово (Кичево) 7 домаќинства Нахија Мариово 1 домаќинство Нахија Манастир (Битола) 41 домаќинство
Албанците дошле на границите на Македонија во 1572 година. Французинот Филип Канаје го опишал заземањето на Качаник од страна на неколку, како што лично запишал, „албански групи на убијци и разбојници“ во 1572 година.Френски пътеписи за Балканите, с.140. Во 1595 година за првпат во историјата е забележана албанска разбојничка група која опљачкала неколку полошки села, а многу селани ранила и испоубила.Ј. Трифуноски, Полог, стр. 38
Првото населување на Албанци во македонско село, временски датира три години пред почетокот на XVII век и тоа било во областа на Дебар. Според отомански документ од 1597 година, околу 10.000 албански разбојници од северна Албанија, ограбиле и изгореле 27 села во западна Македонија, а во шест од тие села, во дебарската област, се заселиле првите македонски Албанци.Шопова, Д. Цит. съч., с. 83
Албанско населување во скопската област мини|Српски извештај за судир на турската војска со арнаутските бунтовници. (7 мај 1912)
Во отомански документ од 1595 година за првпат е забележано присуство на „арнаутски разбојнички групи“ во скопската областШопова, Д. Цит. съч., с. 78-79, но без албанско населување. Албанците почнале постепено да ги освојуваат високите планински македонски села од Скопска Црна Гора дури кон крајот на XVII век.Материали, 536. / “АРНАУТИ“ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика" (с 11 карти), Издава Българското книжовно дружество в София, 1900 година, Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100
Албанците прво ги зазеле највисоките македонски села на скопска Црна Гора и потоа постепено слегувале кон пониските села. Селото Брест до XIX век било чисто македонско село, во Љуботен Албанците навлегнале на крајот на XVIII век.Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100
Германскиот патувач Хан во втората половина на XIX век ги посетил албанските села на скопска Црна Гора и самите тамошни Албанци го известиле дека се преселени во скопските северни планини после австриските војни, што всушност е крајот на XVII век.Hahn, Reise von Belgrad nach Salonik, Wien, 1868. стр. 70.
До XX век, на Китка и Црн Врв се населиле Албанци во 21 македонско село. Тие дошле од Косово во текот на XVIII и XIX век, а жителите на Алдинци знаеле дека нивните предци дошле во Алдинци од Гнилане.Материали, стр. 523. / Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100
Во Скопското Поле првите Албанци се спуштиле дури во XIX век, за време на управувањето на Хамзи-паша, Албанец по потекло, кој етапно доселувал Албанци од северна Албанија.J. Трифуноски, Скопско Поље, 358
Албанско населување на Полог thumb|250px| Албанци од Тетово
Почетокот на албанското населување во Полог почнува од средината на XVIII век. Сепак, тие во тој период претставувале многу мала малцинска група во Полог, сè до првата половина на XIX век, кога со Полог владее турскиот посланик со албанско потекло Абдураман-паша, кој насилно и масовно населувал Албанци од северна Албанија.Ј. Трифуноски, Полог, с. 71-74. Голем дел од староседелското македонско население на Полог, било насилно албанизирано, цели родови биле албанизирани, како и многу жени и девојки под притисок на тетовските албански паши и нивниот зулум.Ј. Трифуноски, Полог, стр. 38-39, 50-51. Истото се има случено и со кичевската околина, каде најголемиот дел од тие Албанци се всушност од македонско потекло. Албанците од село Теарце биле заселени од тетовските паши, од Матија (Мат), Долен Дебар и призренско; Албанците од Доброште дошле од Дебар и Љума. Во село Длабочица, с. Стража и с. Култино Албанците потекнуваат од Дукачин Љума. Во последното село, Абдурахман Паша во почетокот на XIX век ги избркал Македонците и населил Албанци.Материали (Софија), 437, 439, 446-447
Во Жеденската област до почетокот на XIX век живееле исклучиво Македонци, но подоцна почнале и таму да се доселуваат Албанци од Реч и Долни Дебар. Од албанските зулуми, Македонците од Полог масовно бегале и ги оставале селата празни. Васил К`нчов во последната деценија на XIX век ја посетил Македонија и опишува дека селото Горно Фалише до 1860 година броело 30 македонски семејства, а во 1890 година опустело, како и селата Палатица, Корито, Форино и Чајле, кои иста така останале опустошени и празни.В. "Новини", год. II бр. 12, 13./ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100 Македонскиот етнограф Трифуноски, спомнува дека и селата Катрање и Еребино ја споделиле истата судбина на опустошување.Ј. Трифуноски, Полог, 39-40 На опустошените македонски имоти и цели села, албанските паши населувале Албанци.
Во с. Лопушник, кон крајот на XIX век се доселиле тројца Албанци и со „зулум“ купилe земја од селаните во Лопушник, плаќајќи им на македонските сопственици на имотот само 60 гроша и така Албанците постепено го зазеле селото.Ј. Трифуноски, Полог, 183. Македонците од селото Железна Река било на удар на качачките банди во почетокот на XIX век, а населението за ситница било убивано за кое мештаните викале „трган народ“.Ј. Трифуноски, Полог, 191. Македонските селани од Горна Ѓоновица биле убивани во шума, на нивите и им ја грабале стоката.Ј. Трифуноски, Полог, 210 Во тогашното македонско село Симница, најпрво се населиле три албански семејства од Матија (Албанија) и со помош на други доселеници од Албанија ја нападнале Симница и големиот манастир, кој постоел во селото. Сите калуѓери, освен еден, кој бил надвор од манастирот, биле убиени, игуменот на манастирот запален, а манастирот разурнат. Манастирот во 1936 година бил обновен, но балистите повторно го разориле во 1943 година.Ј. Трифуноски, Полог, 213 И селото Џепчиште, како и сите полошки села пред 200 години било чисто македонско место и имало манастир Св. Богородица. Кога сите селани биле собрани на богослужба во манастирот „муслимански Албанци“ го запалиле манастирот заедно со селаните.Ј. Трифуноски, Полог, стр. 347
Албанизација на Кичевијата thumb|200px|Шарената Џамија во Тетово е голем религиозен центар на Македонските Албанци Зајас, сега изразито албанско село, до 1740 година било чисто македонско православно село. Првиот македонски етнограф, Томе Смиљаниќ - Браднина пред 90 години утврдил дека луѓето од Зајас ги знаат своите муслимански предци до 7 колено, а од овие имиња после продолжуваат имињата на нивните православни предци. Православните старинци биле „Шопки“, па Албанците еден дел од нив истиснале, а друг дел исламизирале и поалбанчиле.Т. Смиљанић, Кичевија, 440-441
Селото Црвивци било исламизирано околу 1760 година. Албанците удриле на селото од страна на Зајас за Велигден, кога се играло оро, убиле многу луѓе, а жените ги заробиле и се вселиле како во своја куќа.Т. Смиљанић, Кичевија, стр. 431 Селото Бериково, било исламизирано околу 1785 година, кога Албанците ги исламизирале жените и децата од селото, бидејќи мажите им биле на печалба.Т. Смиљанић, Кичевија, с. 437
Дел од македонското староседелско население на селото Колари избегало кон крајот на XVIII век во Австроунгарија, а оние кои останале дома биле албанизирани.Смиљанић, Кичевија, с. 444 Албанците во село Јагол биле преселени од селото Блаце од Албанија околу 1830 година. Тогаш било албанизирано и селото Туин. Во селата Поповјани, Другово и Белица првите Албанци се населиле во 1840 година од Дебар.
Албанизацијата на струшко-дебарскиот крај