Римската култура еволуирала во текот на речиси 1200 годишната историја на таа цивилизација. Терминот се однесува на културата на Римската Република, а подоцна и на Римското Царство која ја опфаќала територијата на Мароко и долината на реката Еуфрат. Животот во Стариот Рим се развивал околку самиот град, неговите познати седум ридови, монументални градби како на пример Колосеумот, Форумот на Трајан и Пантенон. Градот исто така располага и со голем број театри, училишта, таверни, ресторани, бањи и слично. На целата територија која била под римска контрола, станбената архитектура се движела од скромни куќи до огромни вили, во самиот град постоеле и царски резиденции како на пример Домот Палатин од каде што потекнува и зборот палата. Мнозинството население живее во центарот на градот, во одредени станбени блокови.
Градот Рим бил најголем во тоа време со население кое достигнувало и повеќе од еден милион, со проценки од 3,5 милиони до 450.000 жители. На улиците во Рим имало таква врева од коњски копита и железните тркала на кочиите што дури и Јулиј Цезар предложил забрана на сообраќајот во текот на ноќта. Историските проценки покажуваат дека околу 30% од населението под јурисдикција на Стариот Рим живеело во урабните градски центри, како и во некои воени населени места, што претставува висока стапка на урбанизација во тој период. Поглемиот дел од урбанизираната територија била Италија, со стапка на урбанизација од 32%, истатата стапка на урбанизација која ја имала Англија во 1800. година. Повеќето градови во Рим имале слична архиткетура исти храмови и згради од ист тип, со помала и пониска градба. Многубројното урбано население во Рим имало и висока побарувачка на храна, што претставувало и логична задача која вклучувала транспорт, чување и дистрибуција на храната како за Рим така и за другите урбани центри. Италијанските фарми ги снабдувале со зеленчук, овошје, риба, месо и слично. Посебни системи за водоснабдување биле изградени, додека вино и масло најчесто увезувале од Шпанија, Галија и Африка.
Трговијата во Римските провинции заедно со транспортот биле доста развиени во тој период. Просечните трошоци за транспорт и технологија може да се споредат со европските во 18. век.
80% од населението на Рим живееле на села и населени место со помалку од 10.000 жители. Земјопоседниците обично живееле во градовите, додека нивните фарми биле раководени од нивните работници. Меѓутоа состојбата на руралните робови била значително полоша за разлика од оние кои работеле за богатите аристократски семејства. Со цел да постигнат подобра работна продуктивност, земјопоседниците ги ослободувале своите робови и тие продолжувале да работат за плата. Таквата рурална средина продолжува да предизвикува миграција на луѓето во урбаните центри но сè до почетокот на 2. век п.н.е., кога високата стапка на урбаното население започнала да се намалува. Почнувајќи од средината на 2. век п.н.е. во секој аспект на културата на повисоките класи, грчката култура имала сè поголема моќ и без разлика на ефектите на културата на конзервативните моралисти. За време на владеењето на Октавијан Август, робовите во културните грчки домаќинства ги подучувале младите римјани, а некогаш и девојките, голем број на готвачи, фризери, секретари и лекари мигрирале од Источна Грција. Римската кујна која е зачувана во книгите се смета дека е грчка, додека римските писатели го прифатиле латинскиот за образовен грчки стил. Меѓутоа во законите и во владеењето, Рим не претрпел никакви измени.
Против човековата позадина и урбаните и руралните области заземале облик на највлијателни историски цивилизации, оставајќи зад себе култруно наследство кое живее и денес.
Историски и културен контекст
Многу аспекти на Римската култура биле преземени од древните грци. Во архитектурата и скулптурата, разликите помеѓу грчите модели и римските слики се очигледни. Иако многу римски скулптури се изведени од грчките, сепак длабоко се разликуваат од грчките техники, римскиот карактер на скулптурите ја отсликува најоргиналната римска култура.
Рим исто така имал и огромно влијание и врз западната култура следејќи ја. Неговото значење можеби најдобро се одразува во неговата истрајност и влијание, како што се гледа во долговечноста и важноста на делата на Вергилиј и Овид. Покрај ова постојат и многу аспекти во класичната култура кои исто така биле под влијание на Рим.
Социјална структура
Центарот на раната социјална култура, кој датира уште од времето на земјоделските градови, претставувало семејството во крвно сродство. Најстариот маж во семејството претставувал апсолутен владетел во семејството, владетел на својата жена, неговите деца, сопругите на неговите деца, внуците, робовите (како и ослободените робови кои работеле за плата) целосно располагал со нивната слобода и волја дури во некои случаи одлучувал и за нивната смрт. Законите во Рим ги признавале само патријахалните семејства и правните субјекти. Ропството и робовите претставувале дел од општествениот поредок. Робовите најчесто биле затвореници од војните. Постоел пазар на робови каде што нивните стопани ги продавале и купувале. Римските закони не биле целосно усогласени во врска со статусот на робовите, освен тоа дека тие се сметале како и секој друг подвижен имот. Многу робови биле ослободувани од своите стопани заради добро завршената работа, а некои пак од нив ако заштеделе одредена сума на пари би можеле сами да ја откупат својата слобода. Генерално малтертирањето и убивањето на рабовите било забрането со закон, но сепак суровоста на газдите и натаму продолжувала.
Освен овие семејства и ваквиот тип на робови (легални предмети под раководство на своите господари) постоеле и Плебејци кои се сметале за непостоечки од правна гледна точка. Тие немале правна способност, и не биле во можност да склучуваат договори, ниту пак имале статус на робови. За решавање на овој проблем групата на Плебејци се приклучила кон таканаречените Патријци (во правна смисла) и биле во можност за скулучување договри но само со посредство на главниот член на нивното семејство. Па така сè што тие ќе заработеле или поседувале припаѓало на нивните семејства.
Во патријахалните семејства, правата на главата на семејството биле неограничени, како граѓанските така и кривичните права. Царската должност се однесувала на војската, се занимавала со надворешна политика како и решавање на споровите помеѓу домашните семејства. Додека Плебејците во тоа време биле поделени во три племиња.
За време на Римската република (основана во 509 п.н.е.) на римските граѓани им било дозволено да гласаат, овој закон ги вклучувал и Патријците и Плебејците, додека на жените, децата и робовите не им било дозволено правото на глас.
Постоеле две собранија, Вековното Собрание (commitia centuriata) и Племенското Собрание (commitia tributa) кои биле создадени од страна на сите римски граѓани. Во Вековното Собрание, Римјаните биле поделени според возраста, здравјето, богатството и местото на живеење. Граѓаните во секое племе биле поделени во пет класи во зависност од имотот со кој располагале, а потоа секоја група била поделена на две подгрупи во зависност од годините. Вкупно постоеле 373 групи кои како и Племенското Собрание секој имал право на глас. Но Вековното Собрание ги избирало членовите на Советот (судски магистри), конзули и други водачи.
Племенското Собрание било составено од 35 племиња како од Рим така и од земјата. Секое племе имало право на глас. Племенското Собрание ги избирало Финансиските судии и Министрите за култура.
Со текот на времето, Римските закони еволуирале во поглед на социјаните гледишта и еманципирањето на семејствата на повисоко ниво.
Обичаи и секојдневен живот
Животот во античките римски градови пред сè сè одвивал во центарот на Рим, во централните бизнис области, каде што поголемиот дел Римјани оделе за продажба, купување, трговија, банкарство како и за учество и посетување на свечености и церемонии. Ова било место каде што говорниците најчесто јавно го искажувале своето мислење и давале поддршка за секое посебно прашање за нивни или нечиј друг интерес. Пред изгрејсонце децата оделе на училиште или пак туторите доаѓале во нивите домови. Постарите лица станувале рано се облекувале, поjадувале околу 11 часот и преспивале попладне, а приквечер оделе до центарот на прошетка. Одењето во јавна бања барем еднаш неделно било навика кај поголемиот дел на населението. Постоеле поделени бањи за мажи и жени. Главната разлика било тоа што машките бањи биле поголеми од женските и имале ладна соба како и место за вежбање.
Постоеле најразлични видови на отворени и затворени забави за Римјаните кои биле бесплатни низ целиот Рим. Во зависнот од природата на настаните тие биле одржувани преку ден, попладне или доцна навечер. Огромна толпа на луѓе се собирле во Колесеумот да ги гледаат борбите со гладијатори, борби помеѓу мажите или пак борби помеѓу луѓе и диви животни.
Животот во селата бил поразличен, но сепак доста интересен, со голем број на локални фестивали и друштвени настани. Фармите биле раководени од менаџерите, но сопствениците на фармите и на недвижниот имот одреден дел во годинита доаѓале на својот имот за одмор и рекреација, уживајќи во раскошот на природата и сонцето, ловот риболовот и јавањето. Од друга страна пак работата на робовите сè повеќе се зголемувала, со подолги работни часови, седум дена во неделата со цел остварување на комфорот и богатство на нивните господари. Состојбата на земјопоседниците сè повеќе се подобрувала со трошење на своите пари на економски и социјални интеракции на селските пазари. Додека денот на робовите завршувал со оброк или остатоци од храна од попладнето или претходниот ден.
Облека Во Стариот Рим облеката на луѓето се разликувала од една до друга класа. Плебејците или обичниот народ како овчари, риболовци и слично најчесто носеле туники кои биле изработени од груби и темни материјали, а со оглед на тоа дека вакви туники носеле и Патријците тие најчесто биле изработувани од волна и лен. Судиите носеле бели долги туники изработени од убави материјали, Сенаторите носеле широки блузи со широки ленти, а пак војниците носеле туники, но малку покуси од оние на обичните граѓани.
Постоеле и носии кој ги нарекувале „тоги”. Најчесто младите момци носеле тоги со црвена пурпурна боја, а исто така и судиите носеле слични во своите судници. „Тога вирилис” најчесто носеле момчињата на возраст од 16 години, што всушност го означувало нивното државјанство во Рим. „Тога пикта” најчесто носеле воените генерали и тие најчесто биле ишарани со везози од нивните успеси на бојното поле. „Тога пуле” носеле кога биле во жалост.
Дури и обувките го изразувале социјалниот статус на граѓаните. Патријците носеле сандали со црвена и портокалова боја, сенаторите носеле обувки со кафеава боја, конзулите со бела боја, а војниците носеле тешки и големи чизми. Жените носеле затворени сандали во бела, зелена или жолта боја.
Децата носеле амајлии за среќа, кои жените пред нивната венчавка ги оставале кај своите домашни богови, заедно со нивните играчки како знак на нивната зрелост и женственост.
Облеката на жените била значително различна од на мажите и најчесто била во посветли бои. Жените носеле накит како украс на своите тело и најразлични шалови како прекривка.
Јадење Уште од самиот почеток на Римската република во 200 година п.н.е. старите римјани имале многу едноставни навики во поглед на храната. Поjадокот најчесто се конзумира околу 11 часот наутро и се состоел од леб, салата, маслинки, сирење, овошје, ореви и преостанато ладно месо од претходниот ден. Поjадокот бил наречен „иентацулум”, ручекот бил наречен „прандиум”, а вечерата „цена”. Апетисаните ги нарекувале „густатио”, а десертот „сегунда менса” или второ јадење.