Александар Петров Радев — македонски деец и бугарски политичар, општественик и активист на Прогресивно-либералната партија. Тој бил претседател на Врховниот македонско-одрински комитет (1898-1899), министер за правда (1901-1902) и работел во народното просветителство (1902-1903).

Животопис

Александар Радев е роден на 7 март 1864 година во Битола. Завршил право на Атинскиот универзитет.

По школувањето се преселил во Бугарското кнежевство каде работел како адвокат во судовите во Ловеч, Трново и Софија, а во 1892 година започнал адвокатска пракса во главниот град.

Во 1895 година влегол во македонскиот комитет, а од 1898 до 1899 бил негов претседател. Тој бил и претседател на Правното друштво и доцент по византиско право на Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“.Ташев, Ташо (1999). Министрите на България 1879-1999. София: АИ „Проф. Марин Дринов“ / Изд. на МО.

Во бугарската политика

Радев влегол активно во бугарската политика и на крајот на 1890-те станал член на Централното биро на Прогресивно-либералната партија.

Кога партијата дошла на власт, станал министер за правда, каде што останал од 4 март 1901 до 15 ноември 1902 во четвртата влада на Петко Каравелов.

Како министер за народното просветителство од 15 ноември 1902 до 18 мај 1903 година во првата влада на Стојан Данев.

Меѓу македонската емиграција

Во јуни 1898 година, за време на V македонски конгрес на Врховниот македонско-одрински комитет бил избран за негов претседател.

Комитетот не ги исполнил очекувањата бидејќи постоел судир меѓу самите членови на комитетот.Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893-1903 година, 269, Институт за историја - Филозофски факултет, Скопје, 2003

За време на VІ македонски конгрес бил избран за претставник на ВМК на престојната прва мировна конференција во Хаг. Имал задача да стапи во контакт со ерменското движење Трошак и заеднички двете организации да го постават македонското и ерменското прашање.

Смрт Александар Радев умрел по операција на 4 јуни 1911 година во Виена.(1986) Енциклопедия „България“, том 5. София: Издателство на БАН.

Извори

Категорија:Македонски научници во Бугарија Радев, Александар Категорија:Македонски борци Радев, Александар Категорија:Луѓе од Подмочани Категорија:Предавачи на Софискиот универзитет