Катедралата Сан Кристобал де ла Лагуна, (шпански: Santa Iglesia Basílica-Catedral de San Cristóbal de La Laguna) е катедрала и базилика која се наоѓа во истоимениот град, Тенерифе, Шпанија. Во неа се наоѓа седиштето на Бискупијата во Тенерифе. Изградбата на соборниот храм започнала во 1904 година а завршила во 1913 година. Храмот е посветен на Девица Лос Ремедиос. Ова е едно од најважните светилишта на Канарските Острови.
Во овој храм се наоѓаат останки од Алфонсо Фернандес де Луго, освојувачот на островот и основачот на градот. Храмот е изграден во стил на неокласицизам, неоготика и ренсанса. Од 1999 година, објектот е вклучен во списокот на светско и културно наследство на УНЕСКО.
Наводи
Надворешни врски
Катедрала Ла Лагуна
Категорија:Цркви од 20 век Категорија:Тенерифе Категорија:Катедрали во Шпанија Категорија:Базилики во Шпанија Категорија:Цркви во Тенерифе