Ловењето или како ловство или лов е дејност чија основна цел е одгледување, размножување, заштита, ловење и користење на дивечот. Основна цел на активностите од овој домен е формирање и трајно одржување стабилни популации дивеч, со оптимална полова и возрасна структура за континуирана репродукција на здрави и квалитетни единки со високи трофејни вредности. Како стопанска дејност ѝ се придава посебна важност, особено од аспект на заштитата на природата.

Во своето дело, „Пофалба на глупоста“, Еразмо Ротердамски го исмејува ловот како нешто глупаво при што, постојано гонејќи го дивечот, ловците не постигнуваат ништо освен што самите се претвораат во диви ѕверови.Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 49-50.

Ловот во Македонија Во Македонија, во рамките на секторот за шумарство во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство постои посебно одделение за лов, надлежно за целокупната организација и управување на оваа дејност. На Шумарскиот факултет во Скопје, Катедрата за лов ја раководат еминентни специјалисти, чиј придонес во науката и практиката е особено значаен.

Во Македонија постојат 265 ловишта, од кои 250 имаат постојан концесионер. Концесиите за ловишта за крупен дивеч изнесуваат 20 години, а за оние за ситен дивеч - 10 години. Притоа, најголем број ловишта има во околината на Скопје, а повеќето македонски ловишта се за ситен дивеч. Во 2014 година, во државниот буџет влегле 17 милиони денари како приходи од концесии за ловиштата. Истовремено, македонските ловишта ги посетиле околу 40.000 ловци, т.е. бројот се удвоил во споредба со 2005 година, кога нив ги посетиле 20.000 ловци.„Над 40.000 странски и домашни ловџии лани посетиле некое до 250 ловишта во земјата“, Дневник, петок, 27 февруари 2015, стр. 9.

Ловот како тема во уметноста и во популарната култура Ловот како мотив во книжевноста „Ловецот и пајакот“ — африканска приказна.Крилатиот лав (црнечки приказни). Детска радост, Скопје, 1954, стр. 23-26. „Најдобриот лов“ (српски: Најбољи лов) — српска народна песна.Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 44. „Ловецот и верверичката“ — басна на американскиот писател Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 19. „Лов на штиглици“ — краток расказ на македонскиот писател Петко Дабески.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 74. „Малите ловци“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 114-115. „Ловецот и дрварот“ — басна на старогрчкиот баснописец Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 82. „Мојот лов“ (српски: Мој лов) — песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 94. „Лов“ — песна на полскиот поет Тимотеуш Карпович.Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 198. „Ловец“ (шпански: Cazador) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 65. „Ловци“ — кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 97. „Љубов“ (француски: Amour) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан од 1886 година.„Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 99-106. „Маж бие“ — расказ на македонскиот писател Ванчо Николески.Ванчо Николески, Приказни од моето село. Култура, Скопје, 1964, стр. 21-24. „Ловечка тајна“ — расказ на Ванчо Николески.Ванчо Николески, Приказни од моето село. Култура, Скопје, 1964, стр. 82-85. „Лов“ — песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 65. „Лов“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 60. „Ловецот“ (српски: Lovca) — песна на српскиот поет Васко Попа од 1954 година.Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 53. „Злосреќниот ловец“ — расказ на италијанскиот писател Џани Родари.Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993. „Љгов“ — расказ на рускиот писател Иван Тургенев.И. С. Тургенев, Ловчеви записи. Нови Сад: Матица српска, 1973, стр. 106-121. „Шумата и степата“ — расказ на Иван Тургенев.И. С. Тургенев, Ловчеви записи. Нови Сад: Матица српска, 1973, стр. 517-525. „Ловци“ — краток расказ на рускиот писател Данил Хармс.Danil Harms, Sto slučajeva. Beograd: Laguna, 2016, стр. 51-53. „Алпскиот ловец“ (германски: Der Alpenjäger) — песна на германскиот поет Фридрих Шилер.Fridrih Šiler, Knjiga poezije. Beograd: Rad, 1964, стр. 49-50. „Со стрела, со лак...“ (германски: Mit dem Bogen, mid dem Pfeil...) — песна на Фридрих Шилер.Fridrih Šiler, Knjiga poezije. Beograd: Rad, 1964, стр. 51.

Ловот како мотив во музиката „Ловецот и ловот“ (англиски: Hunter And The Hunted) — песна на шкотската рок-група Симпл мајнд (Simple MInds) од 1982 година.[Simple Minds ‎– New Gold Dream (81-82-83-84) DISCOGS, Simple Minds ‎– New Gold Dream (81-82-83-84) (пристапено на 30.8.2019)] „Лов“ (англиски: The Hunt) — песна на бразилската треш метал-група Сепултура (Sepultura) од 1993 година.DISCOGS, Sepultura ‎– Chaos A.D. (пристапено на 30.8.2019) „Лов на лисици“ (англиски: Fox Hunt) — композиција на американскиот џез-музичар Џеј Џеј Џонсон (J.J. Johnson) од 1949 година.Jay Jay Johnson, Fantasy, OMMCD 003, 1996.

Наводи

Категорија:Дивеч

Категорија:Рекреација на отворено Категорија:Економија Категорија:Економија на Македонија Категорија:Исхрана Категорија:Вештини за опстанок