Д-р Лилјана Минова - Ѓуркова (- ) ― македонски македонист и редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Творештво

Таа е една од најпродуктивните македонски македонисти во областа на македонистиката. Нејзината четиридецениска творечка дејност ја вбројува во еден од најплодните македонисти во Македонија, чии трудови се познати и во светските славистички центри. Во својот творечки живот објавила над 270 библиографски единици во Македонија, Европа и САД во многу научни списанија, зборници, единици и слично. Како најсовремени и најквалитетни нејзини дела се прифатени универзитетските учебници „Синтакса на македонскиот стандарден јазик“ и „Стилистика на современиот македонски јазик“. Исто така таа е заслужна и за издавање на учебници за летната школа при Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, учебници по македонски јазик за странци и слично. За афирмацијата на македонскиот јазик во странство, Минова - Ѓуркова издала уште две книги: „Граматика на македонскиот јазик за странци“ со превод на француски јазик во 2006 година и во 2007 истата книга со превод на англиски јазик. Покрај издаваштвото, таа била основач и прв претседател на Советот за македонски јазик.

Голем е придонесот на Лилјана Минова - Ѓуркова за реализирање на меѓународни и домашни проекти и еден од најзначајните проекти е монографијата на македонски јазик објавена во Ополе, Полска во рамките на општословенскиот проект „Најнова историја на словенските јазици - современи промени во словенските јазици“. Како дел од нејзиниот меѓународен ангажман се вбројува и активноста како претставник на македонистиката во меѓународни тела како на пример Меѓународната комисија за пручување на граматичката структура на словенските јазици.

Наводи Списание „Македонски јазик“, Институт за македонски јазик „Крсте П. Мисирков“

Поврзано Македонистика Список на македонисти Македонски јазик

Категорија:Македонски македонисти Категорија:Македонски слависти Категорија:Југословенски македонисти Категорија:Југословенски слависти Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Професори на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје