Поединечните натпревари во санкање во машка конкуренција на Зимските олимписки игри 2010 се одржаа на 13 и 14 февруари во Вислер.

Сите натпревари се одржаа во Вислер. На 13 февруари, со почеток во 17:00 и 21:00 по месно време се одржаа првите две трки, а третата и четвртата се одржаа следниот ден со почеток во 13:00 и 17:00.

Златниот медал го освои Германецот Феликс Лох.

Смртта на Нодар Кумариташвили На 12 февруари, на првиот тренинг, трагично загина грузискиот санкач Нодар Кумариташвили, кој со брзина од 143,3 км/ч изгуби контрола над санката и удри во челичен столб.

Освојувачи на медали ЗлатоСреброБронза Феликс Лох Давид Мелер Армин Цегелер

Наводи

Надворешни врски Санкање на официјалното мрежно место на игрите