Принцезата и жабата () е американски цртан филм од 2009 год. Ограничената премиера на филмот беше на 25 ноември 2009 во Њујорк и Лос Ангелес, додека светската премиера беше одржана на 11 декември 2009.
Интересно е дека студиото Волт Дизни преку овој филм го назначи враќањето на рачната техника на цртаната анимација, или враќањето на класичната бајка и жанрот мјузикл. Иако филмот на почетокот беше следен со разни контроверзии заради расните стереотипи, сепак му се насмевнува влегување во списокот на најголемите цртани од Дизни.
Филмот доби номинација за најдобар анимиран филм, и најдобра оригинална песна на 82то издание на Оскар.
Кратка содржина Секој ја знае приказната во која принцезата ја наоѓа вистинската љубов на својот живот кога ќе го бакне жабецот кој преку магија се претвора во згоден принц. Но, во оваа верзија, девојката повторно го бакнува жабецот, но резултатот е сосема поинаков од очекуваниот; а тоа е само едно од бројните изненадувања во мешавината на хуморот, музиката и емоцијата. На крајот љубовта сепак го пронаоѓа својот пат, до принцот и принцезата; или жабата и жабецот.
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место Семрежна филмска база на податоци Бокс Офис Мојо Ротен Томатоес
Категорија:Филмови од 2009 година Категорија:Американски цртани филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Disney Категорија:Филмови засновани на книги