Натпреварот во дисциплината супервелеслалом во алпско скијање во машка конкуренција на Зимските олимписки игри 2010 се одржа на 19 февруари на патеката во Вислер, со почеток во 11:30 по месно време (UTC-8).
На натпреварот учествуваа 63 натпреварувачи од 27 земји.
Златниот медал го освоил Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал.
Освојувачи на медали ЗлатоСреброБронза Аксел Лунд Свиндал Боде Милер Ендрју Вајбрехт
Наводи
Белешки Аргентинецот Кристијан Хавиер Симари Биркнер требаше, но не настапи.
Надворешни врски Алпско скијање на официјалното мрежно место на игрите