Апостол Петков Терзиев, наречен Апостол-Војвода и Ениџевардарското Сонце (Бојмица, - Крушари, ) — истакнат македонски револуционер, војвода од ТМОРО и МРО и клучна личност на Солунскиот револуционерен округ.

Почетоци Апостол Петков е роден на 6 мај 1869 година во с. Бојмица во областа Бојмија, денес во егејскиот дел на Гевгелиско.В. Ѓорѓиев, Апостол Петков... 15. Потекнува од родот на Терзиевци. Неговиот постар брат Митре бил ајдутин, а брат му Тано и братучед му Андон, загинале како комити. Апостол кој бил неписмен, како младинец работел како кантонер на железничката линија Солун – Скопје. Во 1892 година, ја напуштил работа и се одметнал. Од тогаш па до почетокот на 1897 година крстосувал како ајдутин по Пајак планина, дружејќи со Иван Карасулијата.Хр. Шалдевъ, Из революционитѣ борби въ Паякъ планина. Ил. Илинденъ, София 1931, г. 4, кн.4(34), 14. Додека Апостол ајдукувал, во 1896 година, неколку мина од неговото семејство станале членови на месниот комитет на ТМОРО во Бојмица.Борбите в Македоя. Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Делъо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров, съставител: Борис Николов, София 2005, 51.

Војвода на ТМОРО 1897-1902 мини|десно|250п|Знаме сошиено од учителката Марија Капитанчева во зимата 1903 г. по наредба на Апостол Петков. На 20 јули 1903 г. во с. Корнишор, пред него се заколнале 250 четници од ениџеардарските чети на Апостол Петков, Иван Урџанов, Иван Карасулијата и Крсто Асенов. Во 1897 година, Даме Груев се запознал со Апостол Петков и И. Карасулијата и ги поканил да се приклучат кон Организацијата како членови на тајната полиција. Тие биле покрстени од Поп Стамат во Солун. Во октомври 1897 г., по препорака од ЦК во Солун, и со залагање на Аргир Манасиев од Гевгелија, Апостол Петков и И. Карасулијата ја формирале првата чета на ТМОРО во Солунскиот револуционерен округ.В. Ѓорѓиев, Апостол Петков... 41-42. Во 1897/1898 година, четата се движела низ областа Бојмија, по Пајак планина, Гевгелиско, Дојранско и Ениџевардарско, ликвидирајќи насилници и разбојнички банди. Во октомври 1898 година, И. Карасулијата и А. Петков го киднапирале Туран бег, за чие ослободување добиле 2.000 турски лири,Ангел Динев, Илинденската епопеја, т.1, (приредил: Владимир Картов), Скопје 1987, 121. но во касата на ТМОРО, предале само 400 лири. Поради тоа, ЦК во Солун, размислувал за нивно казнување со смрт, но по залагање на Аргир Манасиев до тоа не дошло. Превоспитувањето на Апостол Петков и на Карасулијата било препуштено на Михаил Апостолов Попето.В. Ѓорѓиев, Апостол Петков... 47-48. За враќање на довербата, ЦК им наложил на Апостол Петков и И. Карасулијата да го ликвидираат лекарот Димитриос Кивериндис, кој бил главен организатор на грчката пропаганда во Гевгелиско.Македония в пламъци. Спомени на Андон Къосето, Анастас Лозанчев, Григор Попев, Аргир Манасиев, Христо Пасхов, Мите Хаджимишев, Кръсто Лазаров, Екатерина Паница, (Записал Боян Мирчев, съставителство: Ива Бурилкова, Цочо Билярски), Софиъ 2003, 128.   Атентатот врз Кивериндис бил извршен на 3 декември 1898 година.Tragedies od Macedonia, A record of grecc victimis of bilgarian outrages in Macedonia, betwend 1897 and February 1903. London 1903, 9.   Заради подобра контрола врз Апостол и Карасулијата, ЦК на ТМОРО ја поделил четата на два дела, при што Карасулијата станал војвода во Гевгелиско, а Апостол во Ениџевардарско.В. Ѓорѓиев, Апостол Петков ..., 51.

На 12 август 1900 година, четата на Апостол Петков го ликвидирала внукот на Демир субаша, кој важел за голем злосторник во регионот.Македония и Одринско. Мемоаръ на Вѫтрѣшната организация, София 1904, 51. На 30 ноември во режија на Апостол Петков бил изведен обид за ликвидација на лекарот Ангелаки Секелариос, кој бил организатор на грчката во Гуменџе. Секелариос го преживеал атентатот. Нападот врз него добил голем публицитет во грчкиот печат, а за случајот се расправало и во грчкиот парламент.В. Ѓорѓиев, Апостол Петков ..., 52-53. По Солунската провала од 1901 година, Апостол Петков заминал за Бугарија за да обезбеди подобро вооружување за својата чета.

Во 1902 година, Врховниот македонски комитет презел иницијатива за провоцирање востание во Македонија, а за таа цел врбувал и некои поранешни војводи од ТМОРО. ЦК на ТМОРО настојувал да ја попречи провокаторската дејност на врховистите. Пионер на врховизмот во Гевгелиско, станал Иван Карасулијата, во Кукушко Атанас Чопката, а во Воденско, Вангел Иванов.В. Ѓорѓиев, Апостол Петков ..., 60. Подоцна низ регионот поминал и врховистичкиот провокатор – полковникот Анастас Јанков. Додека Апостол отсуствувал од Ениџевардарско, таму како војвода на ТМОРО се наметнал Павле Кониковски. Кога се вратил Апостол помеѓу нив избило соперништво околу приматот за војводството, но со посредништвото на Аргир Манасиев, било постигнато помирување,Македония в пламъци, Спомени на Аргир Мамнасиев..., 139-140.  но недовербата останала. Апостол Петков и П. Кониковски, ја избегнувале наредбата од ЦК на ТМОРО за разоружување на Иван Карасулијата. Оправдувањето на Апостол било: „Ако се судриме ... ќе загубиме многу момчиња, зашто неговите се опитни и добро вооружени“.Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или смрт. Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893-1903, Скопје, 2003, 411. Во меѓувреме Апостол постигнал џентлменски договор со Карасулијата за ненапаѓање. Апостол под изговор дека неговиот војводски престол бил загрозен од П. Кониковски, одбегнал да замине со Аргир Манасиев за Воденско за да ги преследуваат врховистичките чети. Поради тоа Организацијата, размислувала за прекоманда на Апостол од регионот, па дури и за негово ликвидација.В. Ѓорѓиев, Апостол Петков ..., 65-67. Меѓутоа, А. Петков и П. Кониковски се извлекле со тоа што ја разоружале врховистичката чета на Атанас Петровалијата.В. Ѓорѓиев, Слобода или смрт..., 414. Кон крајот на 1902 година, П. Кониковски починал под сомнителни околности, а една од претпоставките е дека бил отруен од А. Петков.В. Ѓорѓиев, Апостол Петков ...,68.

Востаничката 1903 година мини|200п|десно|Апостол Петков и Иванчо Карасулијата На 9 март 1903 година, по предавство од страна на гркоманите од с. Крива, четата на Апостол била опколена во Бојмица.В. Ѓорѓиев, Апостол Петков ...,75-77. Според хетографираниот весник на ТМОРО „Слобода или смрт“, на турскиот повик да се преде, Апостол одговорил: „Секој од нас има по 300 патрони, од кои по еден ќе зачуваме за себе, а другите куршуми ќе ги испратиме подарок за вас“,Нашата борба. Свобода или смртъ! Бунтовен листъ, Македония, 6.04.1903, бр.9, 3. по што започнала престрелка која траела цел ден. При овој судир четата имала 4 мртви, меѓу кои и Тано, братот на Апостол, како и 2 ранети, а од страна на Турците загинале 2 жандарми.В. Ѓорѓиев, Апостол Петков..., 76.

Во средината на јули 1903 година здружените чети на Апостол Петков, Крсто Асенов и Трајко Јотов се судриле со турските војски кај с. Постол. При овој судир Турците имале 4 убиени и 2 ранети, а од четите загинале 2 комити.Љубен Лапе, Нови документи за Илинденското востание. Илинденски зборник 1903-1955, Скопје, 1953, 30. На Илинден 1903 Апостол Петков и Крсто Асенов во с. Корнишор, ги осветиле востаничките знамиња на двете чети. Тогаш К. Асенов се венчал со Ана Малешевска. Венчавката на Асенов била погрешно протолкувана, поради што тој бил убиен на подмолен начин.Ангел Динев, Илинденската епопеја..., т.1, 335-336.  Поради тоа, наместо на 2 спроти 3 август, демонстративниот напад на Гуменџе, Апостол Петков го извел на 9 август 1903 година, а тоа пак предизвикало репресија од страна на власта врз цивилното население.В. Ѓорѓиев, Апостол Петков..., 83. Следниот ден Апостол го нападнал турскиот гарнизон во с. Крива. На 9 септември, Апостол се судрил со турските војски кај с. Рамна. На 25 септември Апостол Петков и Иван Карасулијата се судриле со турските војски кај врвот Гандач, при што извојувале огромна победа.Христо Силянов, Освободителнитѣ борви на Македония, т. 1, София 1933, 351; А. Динев, Ангел Динев, Илинденската епопеја..., т.1, 344-345.  На 12 декември 1903, Апостол Петков и Аргир Манасиев, биле опколени од турска војска кај с. Горгопик, близу Гуменџе. Од овој судир, четите се извлекле без загуби, а од страна на Турците имало 12 убиени и ранети.Британски документи за историјата на Македонија (1901-1904), т. IV, Скопје 2012, 480.

Заштитник на обесправените, безмилосен кон непријателите мини|десно|Војводите Тане Николов и Апостол Петков. Апостол Петков зимата 1903/1904 година останал во регионот за да го заштитува населението и да го одржува духот на Организацијата. За време на велигденските празници 1904 година Ениџевардарско го посетил Даме Груев и заедно го обиколувале регионот неколку денови.Изъ споменитѣ на Дяконъ Естатий, Ил. Илинденъ, г. 7. Кн.4-5 (64-65), София 1935, 23. Тогаш Апостол, околу себе држел 100-тина вооружени лица, но по сугестија од Груев, повеќето од нив биле распуштени. Летото 1904, во регионот на Апостол, дваесетина дена престојувал и Ѓорче Петров.Ѓорче Петров. Спомени. Кореспонденција,(Вовед, коментар и редакција проф. Љубен Лапе), Скопје 1984, 213-216. Присуството на Д. Груев и Ѓ. Петров било во функција на придобивање приврзаници за своите концепции во поглед на претстојното преуредување на Организацијата. При крајот на 1904 г., Апостол Петков, заедно со Андон Ќосето, Лука Иванов и Тодор Серменински се јавува како потписник на едно писмо против задграничните претставници Христо Матов и Христо Татарчев, кои поради своето политиканство отстапиле од принципите на Организацијата поради што им искажале недоверба, и ги прогласиле за „опасни непријатели на Организацијата“.Симон Дракул, Македонија меѓу автономијата и дележот, т. 3, 550-552.

Во мај 1904 година, османлиските власти и дипломатските претставници го отвориле прашањето за разоружување и легализација на активните војводи и комити. За таа цел, биле испратени писмени повици кон нив за да се предадат. Апостол Петков, испровоциран од овој потег на дипломатите, се обратил со писмо до солунските конзули, при што изјавил дека четите нема да се предадат сè додека во Македонија не бидат спроведени реформи.Државен архив на Македонија, фонд: Бугарски генерален конзулат Солун 1896-1915, микрофилм бр. 4280, № 411, 14.05.1904. Во писмото меѓу другото пишува: „Зарем Македонецот не е човек да живее слободно? Зарем Македонецот не е слободен да го дише чистиот воздух, како што се радуваат слободните народи? Македонецот веќе е уверен дека сè дури се наоѓа под Турчинот, ништо сигурно нема за него: тој не е сигурен за својот живот, не е сигурен за своите мили и драги дечиња, за честа на жената и своите ќерки, за својот имот итн. Таа несигурност го натера Македонецот да го земе оружјето в раце и да се бори со Турчинот. Тој не жали зашто ќе умира од куршумите на непријателот, и е спремен да го прави тоа, сè до денот на неговото ослободување“.Симон Дракул, Македонија меѓу автономијата и дележот, т. 3, 133-135.