Ова е статија за народна музика. За други значења, види: Македонска народна музика мини|Циганско оро на разгледница од 1931 година Народна музика е поим кој се однесува на музичкиот фолклор на кој било народ, а се појавил како жанр во XX век. Терминот се користел во XIX век, но се употребувал за постара музика. Некои видови на народна музика се нарекуваат етно музика. Традиционално, народната музика се дефинира на неколку начини: музика која се пренесувала усно, музика на која композиторот не е познат, или музика која по обичај се изведувала долг временски период.
Дефиницијата на народната музика е недефинирана.The Never-Ending Revival by Michael F. Scully University of Illinois Press Urbana and Chicago 2008 Изразите народна музика, народна песна, и народни танци се од релативно скоро време. Тие се еден вид продолжување на изразот фолклор, кој е првпат употребен во 1846 година од Англичанецот Вилијам Томс, со кој сакал да ги опише „традицијата, обичаите и верувањата“.Percy Scholes, The Oxford Companion to Music, OUP 1977, article "Folk Song". Изразот исто така е поврзан и со германското Волк, во смисла на „луѓето во целост“, а во врска со музиката на Јохан Готфрид фон Хердер и на германските романтичари пола век претходно.A.L.Lloyd, Folk Song in England, Panther Arts, 1969, p. 13.
Надворешни врски Фолк и етно музички изданија евидентирани од ВБУ Музички Регистар.
Наводи
Категорија:Музика