thumb|right|350px|Кипу.
Кипу (кечуански: khipu = „јазол“; шпански: quipu), се нарекува и „јазли што зборуваат“, е направа за бележење која историски се користела во регионот на Андите во Јужна Америка. Кипуто е составено од обоени волнени нишки, најчесто од лама или алпака. Кипуто исто така можело да се направи и од памучни нишки. Нишките имале бројчени и други вредности кодирани со јазли според системот на основната десетка. Кипуто може да има од неколку па сè до 2.000 нишки.http://www.nytimes.com/2016/01/03/world/americas/untangling-an-accounting-tool-and-an-ancient-incan-mystery.html Quipu New York Times
Археолошките докази покажуваат дека слични системи биле користени во андскиот регион од 3.000 г.п.н.е. Кипуто полека ја зацврстила својата позиција како главен елемент на Тавантинсују. Кога Тавантинсују потпаднала под шпанска контрола, употребата на кипу се намалила и тоа било заменето со европскиот систем на пишување. Сепак, во неколку рурални места во регионот, кипуто има големо значење и истото е важен елемент на локалната заедница, иако е кипуто се користи за ритуали одошто за запишување.
Поврзано Инки Тавантинсују
Користена литература
Надворешни врски Упатство за користење на кипу Кипу на страницата на Универзитетот Харвард Кипу: Модерна мистерија
Категорија:Инки Категорија:Видови археолошки артефакти Категорија:Недешифрирани писма