мини|десно|300п|Гат на крајбрежјето на Кингстон мини|десно|300п|Стариот затвор во Кингстон Кингстон (англ. Kingston) е главен град на австралиската јужнотихоокеанска територија Остров Норфолк. Меѓу позначајните знаменитости во местото се вбројуваат гробиштата, рушевините на домовите на офицерите (на Квалити Роу), владиниот дом, историската црква Сите Светители, Старата касарна и Новата касарна каде што е сместена денешната управа на Островот Норфолк, како и просториите на Законодавното собрание.
Населбата е на местото каде што впловил Филип Гидли Кинг заедно со 22 доселеници (меѓу кои и 9 машки и 6 женски осуденици) на 6 март 1788, помалку од 2 месеца по основањето на британската колонија Нов Јужен Велс.
Гратчето е само административен и историски центар, но сепак игра суштинска улога во културата на островот. Де факто главниот град на островот е Бернт Пајн.
Надворешни врски Кингстон
Категорија:Главни градови во Океанија Категорија:Остров Норфолк Категорија:Градови во Австралија Категорија:Населени места основани во 1788 година