Вилијам Холман Хант (; (2 април 1827 — 7 септември 1910) — англиски сликар, еден од основачите на Предрафаелитското братство.

Живот и дело Роден е со средно име „Хобман“, но тоа име во голема мера му пречело, па кога дознал дека името му е згрешено од матичарот при крштевање, се средното име го променил во „Холман“.Amor, Anne Clark, William Holman Hunt: the True Pre-Raphaelite, Constable, London, 1989, стр.15

Успеал да се запише во уметничките школи при Кралската академија откако еднаш бил одбиен, што кај него предизвикало незадоволство, посебно заради трајното влијание на основачот на академијата Џошуа Рејнолдс. Подоцна Хант го запознал уметникот Данте Габриел Росети и во 1848 го основал уметничкото движење предрафаелитство. Заедно со Џон Еверет Миле настојувал да ја заживее уметноста која полага големо значење на подробното запазување на сите нешта од природата во дух на речиси религиозна преданост на вистината. Овој религиозен пристап бил под влијание на духовните својства на средновековната уметност, напспроти наводната рационалност на ренесансата овоплотена во делото на Рафаел. Имал многу ученици, меѓу кои и Роберт Брејтвејт Мартино (најпознат по делото „Последни денови во стариот дом“) кој бил умерено успешен сликар, иако за жал умрел млад.

left|thumb|250px|„Наемниот овчар“, 1851 thumb|200px|Куќата на Хант на Улицата на пророците во Ерусалим thumb|200px|Хант во источна облека. Фотографирала Џулија Маргарет КамеронХант отпрвин се соочил со неуспех, и неговите дела биле нашироко напаѓани од критичарите заради несмасност и грдотија. Хант во раниот период бил сепак забележан и по неговите веродостојно насликани сцени од современиот селски и градски живот, особено со сликите „Наемниот овчар“ и „Будење на совеста“. Меѓутоа Холман највеќе се прочул по неговите слики со религиозна тематика, најпрво со сликата „Светлоста на светот“ (1851-1853), сега во Кебловиот колеџ во Оксфорд; чија подоцнежна верзија (1900) била изложувана на турнеја низ светските галерии, а сега е вдомена во катедралата Св. Павле. Во средината на 1850-тите Хант престојувал во Светата Земја во потрага по веродостоен топографски и етнографски материјал за неговите религиозни дела, надевајќи се дека со тоа ќе може подобро да го долови животот и учењето на Исус ХристосHunt, W.H., Pre-Raphaelitism and the Pre-Raphaelite Brotherhood; London: Macmillan; 1905, Том 1, стр. 349. Таму ги насликал делата „Жртвениот јарец“, „Затекнување на Спасителот во храмот“ и „Сенката на смртта“, заедно со многубројни пејзажи од регионот. Насликал и голем број слики врз основа на поеми како „Изабела“ и „Дамата од Шалот“. Подоцна во Ерусалим Хант изградил своја куќаКуќата на Вилијам Холман Хант во Ерусалим .

Сите овие слики се одликуваат со голема запазеност на детали, остри живописни бои и сложена симболика. Овие одлики се должат на директно влијание од пишаните дела на Џон Раскин и Томас Карлајл, според кои самиот свет треба да се толкува како систем од ликовни знаци. Хант сметал дека уметникот има должност да ја разоткрие врската помеѓу знаците и фактите. Од сите членови на Префрафаелитското братство, во текот на својата кариера Хант се покажал како најверен на нивните идеали. Во позрелите години Хант забележал дека има ослабен вид и се откажал од сликањето, повеќе не мајќи ја посакуваната јаснотија на видот. Неговото последно значајно дело „Дамата од Шалот“ го довршил со помош на Едвард Роберт Хјуз.

Хант се оженил двапати. Откако веридбата со неговиот модел Ени Милер не успеала, се оженил за Фани Во, која подоцна се појавува како модел на сликата „Изабела“. Фани Во умрела во Италија при породување и Хант го извајал нејзиниот надгробен споменик кај Фјезоле, и го довел во Англиските гробишта, крај гробот на Елизабет Барет Браунинг. Неговата втора жена Едит била сестра на фани. Во тоа време во Британија склучувањето брак со сестра на почината сопруга веќе станало незаконски, па затоа Хант бил приморан да го склучи бракот во друга земја. Ова довело до големи несогласувања со другите членови на семејството, особено со неговиот поранешен колега од Предрафаелитското братство Томас Вулнер, кој порано бил заљубен во Фани, а сега бил оженет со Алиса, сестра на Фани и Едит.

Хант напишал автобиографија, насловена како „Предрафаелитството и Предрафаелитското братство “ (1905) со цел да се поправат неисправностите во постоечката литература во врска со настанокот на Братството, бидејќи тој сметал дека во нив не му се оддава доволно признание. Кон крајот од животот објавувал текстови со кои се обидувал да го контролира толкувањето на неговите дела.

Во 1905 Хант го добива Орденот за заслуги од кралот Едвард VII. Кон крајот на живото живеел во Сонинг-на-Темза. Неговиот личен живот е опишан во книгата „Мојот дедо, неговиот живот и неговите љубени“ (My Grandfather, his Life and Loves) од Дијана Холман Хант.

Галерија (хронолошка)

Поврзано :Категорија:Слики од Вилијам Холман Хант Предрафаелити Англиско сликарство Список на предрафаелитски слики — вклучувајќи ги делата на Вилијам Холман Хант.

Наводи

Библиографија

Надворешни врски

Галерија на ArtRenewal.org Голема галерија на делата на Вилијам Холман Хант - Бирмингемски музеј и уметничка галерија „Жртвениот јарец“ (1854) на страницата на уметничката галерија „Леди Левер“, Порт Санлајт Вилијам Холман Хант во „Историја на уметноста“ — труд на Алберт Боам, изворно издадено во The Art Bulletin 84 бр.1 94-114 Mr 2002. Предрафаелитската дружина - За уметниците и техниките што ги користеле во текот на 100 години активност.

Категорија:Родени во 1827 година Категорија:Починати во 1910 година Категорија:Англиски сликари Категорија:Предрафаелити Категорија:Носители на британскиот Орден за заслуги Категорија:Луѓе од Лондон Категорија:Предрафаелитски сликари