__NOTOC__
мини|десно|350п|Првиот патнички авион „Потез 29“ во служба во Македонија. Скопски аеродром, 1928 г. Потез 29 () — француски патнички двокрилен авион во производство на фабриката „Авион Анри Потез“. Иако бил предвиден за патници, голем број од овие авиони подоцна се употребувале во Француското воено воздухопловство.
Авионот е познат како првиот патнички авион во Македонија, кој го опслужувал Скопскиот аеродром, почнувајќи од 1928 г.Македонски аеродроми - Историја летајќи на одредиштата Белград-Скопје-Подгорица-Мостар-Сараево-Белград.
Развој Потез 29 бил дворкилец со носен клипен мотор од 335 kW (450 КС) од типот „Lorraine 12Eb 3“, со опашест стоен трап. Бил заснован на претходниот модел Потез 25, задржувајќи ги истите крила и мотор, но со нов труп и затворена кабина за двајца екипаж и пет патници. Овој авион доживеал голем успех, опслужувајќи патнички линии во разни земји, а 120 авиони биле испорачани на Француското воено воздухопловство, каде служеле како амбуланти и леки транспортери.
Варијанти Потез 29 Прототип и шест произведени со мотор „Лорен 12Eb“. Потез 29/2 Наменети за Француското воено воздухопловство со мотор „Лорен 12Eb“ (изработени: 123) Потез 29/4 Патничка варијанта со кружен мотор од 359 kW (480 КС) од типот „Гном-Рон 9Ady Јупитер“ (изработени: 15)
Оператори Цивилно воздухопловство
CIDNA
LARES
Аеропут
Воено воздухопловство
Француско воено воздухопловство
Слободно француско воено воздухопловство
Кралско воено воздухопловство (RAF)
Технички податоци (Потез 29)
Поврзано
Наводи
Категорија:Француски авиони 029