Војската претставува вооружена организација, овластена од општеството да употребува сила, вклучувајќи и употреба на оружје за одбрана на сопствената земја. Војската, покрај одбраната, има и други улоги важни улоги за општеството, како што се: напредокот на политичката агенда (случајот со комунизмот во текот на Студената војна), поддршка на економската експанзија (случајот со империјализмот), како и надворешна контрола. Како придавки, изразите „воена/воено/воен“ се однесуваат на сето она што е поврзано со војската, било да се работи за имот, гледиште итн. Војските често функционираат и како „општество во општество“, што значи дека имаат посебни воени заедници, посебна економија, посебен образовен систем, здравство, судство и други сегменти.
Професијата „војник“, како дел од војската, е постара. Некои од најраните зачувани примероци од античкиот древен период ја отсликуваат моќта и вештината на тогашните воените водачи. Битката кај Кадис, во 1274 година п.н.е., како едно од клучните достигнувања во владеењето на фараонот Рамзес Втори е претставена во барелјеф врз неговите споменици. Илјада години подоцна, првиот император на обединетата Кина, Ќин Ше Хуанг, имал толку голема желба да ги импресионира боговите со неговата воена моќ, што дури бил погребан со цела теракотна војска.Редови на теракотни воини во гробницата на Ќин Ше Хуанг Римјаните оставиле зад себе безброј монографии, ракописи и голем број раскошно изрезбарени триумфални капии и статуи во чест на извојуваните воени победи.
Етимологија и дефиниција Во Англија, зборот војска првпат се среќава во 1585 година, како „милитари“.Oxford English Dictionary (2nd edition) Oxford: 1994 Значењето доаѓа од латинскиот збор „милитарис“ (латински: miles, што значи војник), меѓутоа изворот не е многу веродостоен, бидејќи често упатува на сосема различни значења на овој поим како „тело“ или „маса“, кои немаат апсолутно никаква поврзаност со војската. Денешното значење на зборот упатува на некој кој е вешт во ракување со оружје, ангажиран е во воена служба или учествува во војна.
Како именка, Воена, обично го опфаќа значењето на државните вооружени сили или упатува на командантите кои управуваат со нив. Во суштина, овој израз ја опфаќа и физичката способност (работната сила) на воените сили, кадарот, нивната опрема, и териториите кои ги поседуваат.
Како придавка воен/но/на се применува за „војник“ и „војникување“, но подоцна значењето е проширено, па упатува на сè што е поврзано со нивната професија. Имињата на „Кралска Воена Академија“ (1741 година) и „Воената Академија на САД“ (1802 година), се чист пример за употребата на „воена“ како придавка. За време на Војните на Наполеон „воен/на/но“ започнало да се употребува за сето поврзано со воените сили, а во 21 век, изразите како „воена служба (воен рок)“, „воена разузнавачка служба“ и „воена историја“ добиваат поширокото значење на зборот. Како такво, „воен/но/на“ денес упатува на сè она што е направено од воениот кадар.
Историја Кога станува збор за воената историја, често се мисли на историјата на сите воени конфликти, а не само на историјата на државната војска. Притоа, мора да се направи некоја разлика меѓу поимите Историја на војните и воена историја. Првито поим ќе го опфаќа развојот на војните низ историјата, промените во технологијата, владите и географијата, додека вториот поим ќе се фокусира на луѓето и институциите кои влијаеле врз создавање на војната.
Воената историја има безброј цели. Една од најважните е, преку неа да можат да се согледаат грешките и постигнувањата од минатотото, со цел да се остварат поефективни достигнувања во иднина. Друга цел е да создаде чувство на воена традиција што ќе доведе до формирање на сплотени воени сили. Од друга страна пак, нејзината улога може да биде корисна и за да се воочи, како поефективно да се спречат воените конфликти. Човековото познавање за војската, во голема мера е засновано врз пишаната и усната историја на воените конфликти (војните), нивните формации, без разлика дали станува збор за војска или морнарица, а веќе во поново време, и воздушните сили.
Има два одделни вида на воена историја, иако не може да се направи строга поделба, бидејќи речиси сите зачувани податоци имаат елементи и од двете. Описната историја ја обработува хрониката на конфликтите без притоа да наведе податоци за причините, видот на војување, крајот на кофликтот или ефектите од истиот. Аналитичката историја, пак, настојува да понуди податоци за причините, видот, крајот и последиците од конфликтот, кои ќе послужат за разбирање на истиот во целост, што ќе спречи повторување на истите грешки во идниина, упатувајќи кон подобар концепт на методи при ангажирање на воените сили, да ја оправда потребата за современа технологија итн.
Воена организација Секој народ низ историјата на човештвото имал различни потреби од воените сили. Таквите потреби ги одредиле основните форми на составот, опремата и употребата на објектите на воените сили. Исто така ја одредиле и улогата на војската во време на мир и во време на воени активности. Сите војски, без разлика на големината, претставуваат воени организации кои мораат да извршат одредени функции и да исполнат одредени задачи кои ќе го оправдаат нивниот квалитет и навистина ќе ги именуваат како воени организации. Меѓутоа доколку не се покажат како такви, може да се именуваат како полувојнички, организации за заштита на граѓаните, милиција или пак како организации кои воопшто не упатуваат на никаква поврзаност со вјската.
Воена управа (Воена команда) Првата задача на војската е да докаже дека е способна да се справи со извршување на национална одбранбена политика. Иако политиката, најчесто е водена од политичари или политички аналитичари, нејзиното спорведување бара огромно познавање од тоа како војската функционира и ги исполнува своите активности. Најважно е да се направи една сплотена војска способна да ја спроведе сосптвената политика кога е потребно, и токму затоа една од првите функции на војската е да воведе Воена управа. Улогата на воената управа ќе биде да ја преточи целата политиката во конкретни мисии и задачи и да им ја приближи на подредените во вид на наредби. Воената управа својата делотворност и ефикасност како воена организација ја остварува преку делегирање на авторитетот, сврстувајќи ги тука сите организациски структури од воени реони или зони до водови. Управата има огромно влијание врз организацијата на целата војска.
Воен кадар Втора задача на војската е да обезбеди раководен кадар, или офицерски трупи кои ќе управуваат со подредениот воен кадар (војници, морнари, маринци, воздухопловци) кој е способен да ги извршува сите политички инструкции вклучувајќи ги тука специјалните оперативните мисии и задачи. Исто како што претпријатието има директори, менаџери и други вработени кои здружено ги остваруваат дневните дејности во бизнисот, така и војската има свои вообичаени активности и проекти. За време на мир воениот кадар, обично, е стациониран во гарнизони (касарни) каде извршуваат вообичаени воени работи како административни задачи, вежби, образовни активности, технолошка обука итн. Исто така воениот кадар треба постојано да биде надградуван со резервисти, односно воени регрути, преку замена на веќе старите војници со нови.
Воена разузнавачка служба Следна задача на војската е да ги препознае заканите со кои постои опасност да се соочи една земја. За таа цел членови од управата и останатиот воен кадар, дури понекогаш и граѓанското општество, земаат учество во идентификување на овие закани. Всушност сите овие сочинуваат една организација, систем или процес т.н. центар за разузнавање. Потешкотиите при користење на концептот и методите на раузнавачката служба најчесто лежат во дискрецијата при пронаоѓање на некоја информација, воздржаноста и способноста која треба да ја поседуваат разузнавачите за да препознаат за каква закана се работи, дали е можно избивање на конфликт, отпочнување на војна или напад.
Разузнавачката служба има задача да прави воени анализи, со цел да ја процени воена способност на потенцијалните противници или напаѓачи, да направи модел на борбата што ќе доведе до делумно споредување на сопствените сили со оние на напаѓачот. Ваквите видови истражувања на разузнавачките служби довеле до сознанија дека Кина и Индија имаат најголеми вооружени сили, а пак Војската на САД е најмоќна на светот.
Иако некои групи, ангажирани во воени конфликти, како активистите или членовите во движењата на отпор, користат воена терминологија и себеси се нарекуваат „војска“ или „фронт“, немаат никаква структура на народна војска за да го оправдаат овој назив. Дури и често, биле приморани да се обратат за помош на други (надворешни) национални војски. Исто така ги користеле овие термини за да го сокријат својот идентитет и способност од разузнавачката служба и да влијаат врз потенцијалните регрути. Улогата на разузнавачите е од голема важност за претставниците кои учествуваат во водењето на националната одбранбена политика, бидејќи нивниот глас и мислење се најважни кога станува збор за проценка на реалната закана која демне и развивањето на стратешка цел. Кога извештајот на разузнавачите се поклопува со оној на политиката, голема е веројатноста државните водачи да почнат да им доделуваат парични примања на офицерите и нивните подредени, средства за одржување на воените објекти, како и поддршка за воените служби.
Воена економија Често се среќава и како Економија на одбраната. Претставува финансиска и монетарна политика во која се прават напори, за снабдување и одржување на војската и финансирање на воени операции или војни. Процесот на распределување на средствата наложува утврдување на воениот буџет со кој управува Воената финансиска организација, која функционира во рамките на војската. Набавките за потребите на војската се одобрени со Договорот за обезбедување на стоки и услуги за војската, без разлика дали се побарани во воена база за време на мир, или од месното население во некоја воена зона.
Развој на воениот капацитет Воениот капацитет, попознат уште и како „воена сила“, убедливо е една од најкомлпексните активности познати за човештвото. Комплексноста лежи во: потребата за утврдување на стратешките, оперативните и тактичките вештини на војската кои ќе послужат при спротивставување со заканите; посебните доктрини за начините на кои ќе се употребуваат стратешките, оперативните и тактичките вештини; создавање на концепти, методи и ситеми кои ќе бидат дел од учењата; создавање на макети и насочувње на производителите кон исполнување на потребите на војската во време на немири; развивање на концептите, методите и системите; создавање структури на вооружени сили обучени да ги користат концептите, методите и ситемите ефикасно и продуткивно;воведување на овие концепти, методи и системи во военото образование, обуките и вежбите кои се почесто добиваат облик на војна, поради автентичност и полесно приспособување на воените сили; создавање системи на воена логистика кои ќе пружат непрекинати и континуирани вежби на воените организации во услови на војна, вклучувајќи тука здравствени услуги за вработените и одржување на опремата; служби кои ќе помагаат во закрепнувањето на повредените војници и во обновување на оштетената опрема; и конечно, демобилизација по завршувањето на конфликтот и распределба на вишокот воени залихи за потребите на војската во време на мир.