Солунскиот конгрес од 1896 година е првиот конгрес на Македонската револуционерна организација (ТМОРО), а потврда за тоа е сведоштвото на Татарчев кој го нарекува како основачки и законодавен.Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995 Конгресот се одржал летото во 1896 година во Солун, траел три дена, а со него заседавал Христо Татарчев.
Целта на Конгресот
Развојот на организацијата на преден план исфрлила голем број на внатрешни и надворешни прашања, потоа се покажало дека постојните нормативни акти се тесни за понатамошен развој на Македонската револуционерна борба, а истовремено дошло до засилување на странските пропаганди кои носеле опасност за организацијатаВанчо Ѓорѓиев, Петар Поп Арсов - прилог кон проучувањето на македонското националноослободително движење, Скопје, 1997. Овие, како и други прашања биле разгледани на Солунскиот конгрес.
Делегати на конгресот
На конгресот според Ѓорче Петров присуствувале 15 до 16 души. Од нив се познати имињата на 14 души: Дамјан Груев, Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев, Антон Димитров и Ѓорче Петров како членови на Централниот Комитет. Додека како прествници на револуционерните реони присуствувале: Гоце Делчев - Штип, Пере Тошев - Битола, Христо Матов - Скопје, Петар Поп Арсов - Прилеп, Велко Думев - Велес, Кирил Прличев - Воден, Благој Калејчев - Сер и Христо Поп Коцев како претставник на Одрин.
Прашањата кои биле разгледани
На почетокиот од конгресот, раководителите поднеле извештаии за состојбите во своите реони , а потоа биле разгледани следните прашања: 1. Администартивно - територијалната поделаба на организациионата територија, 2. Начинот на коресподенција, 3. Централизација или децентрализација на организацијата, 4. Односот кон останатите етнички групи во Македонија, 5. Статусот на Одрин и Цариград, 6. Прием на жените во организацијата, 7. Односот кон Врховниот комитет, 8. Односот кон егзархиската групација, 9. Односот кон странските пропаганди, 10. Преточување на конгресните одлуки во нов Устав и Правилник Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893-1903 година, Институт за Историја-Филозофски факултет, Табернакул, Скопје, 2003.
Одлуки на Солунскиот конгерс
Организацијата од овој конгрес излегла со ново име:
Во врска со останатите прашања било одлучено дека:
Значењето на Солунскиот конгрес од 1896 година
Извори
Категорија:Конгреси на Македонската револуционерна организација Конгрес 1896 Категорија:Македонија во 1896 година