Водачи

Претседател - Бранко Црвенковски Премиер Владо Бучковски (до 28 јули) Никола Груевски (од 27 август) Претседател на Собранието Љупчо Јордановски (до 1 август) Љубиша Георгиевски (од 1 август)

Настани јануари 1 јануари - Во Република Македонија стартуваше примената на Законот за заштита од пушењето. 30 јануари - Советот на ЕУ го усвои Европското партнерство со Република Македонија.

февруари март 21 март - Градскиот совет на општина Битола донесе одлука за промена на грбот на градот.

април thumb|десно|200px 16 април - Формирена Партија за европска иднина.

мај

јуни

јули

1 јули - Како резултат на спојување на „Тетекс-Кредитна Банка“ А.Д Скопје и „Тетовска Банка” А.Д Тетово е формирена ТТК банка. 5 јули - Парламентарни избори во Република Македонија: Победа на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, која освои 44 пратенички мандати, пред коалицијата „За Македонија заедно“ предводена од СДСМ, која освои 35 мандати. Изборите се карактеристични со исклучително нискиот одзив на гласачите – само 53,6%. 14 јули - Љубчо Георгиевски, поранешен премиер на Република Македонија и поранешен водач на ВМРО-ДПМНЕ стана бугарски државјанин. Оваа постапка предизвика бројни полемики во Република Македонија околу неговата вистинска улога во политичкиот живот на земјата во претходните 15 години.

август 28 август - Формирана е новата влада на Република Македонија на чело со Никола Груевски.

септември thumb|десно|200px|T-Mobile Македонија 7 септември - Мобилниот оператор Мобимак стана дел од групацијата „Дојче Телеком“ променувајќи го своето име во T-Mobile Македонија. 10 септември - Координирањето на активностите за евроатлантска интеграција на Република Македонија се крева на највисоко ниво и се става директно под закрила на премиерот. Се формира и Комитет за прием на Република Македонија во НАТО. Со Комитетот заседава премиерот, а негови заменици се министерот за надворешни работи и министерот за одбранаwww.a1.com.mk. 30 септември - На пошироката публика за првпат и беше презентиран Адам од Македонија.

октомври 7 октомври - На конференцијата на СДСМ му е изгласана недоверба на претседателот на партијата, Владо Бучковски. 13 октомври - Собранието на Република Македонија го разреши јавниот обвинител Александар Прчевски.

ноември 4 ноември - Претседателот на Република Бугарија Георги Прванов е во официјална посета на Република Македонија, по повод обновувањето на гробиштата во струмичко Ново Село од Балканските војни и Првата светска војнаhttp://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/364903/. 5 ноември - Радмила Шекеринска е избрана за претседател на СДСМ. 8 ноември - ЕК го објави извештајот за напредокот на РМ за 2006 година. 15 ноември - Скопскиот Основен суд 1 му одреди 30-дневен притвор на Љубе Трпески, екс-гувернер на Народната банка на Република Македонија, заради сомневања за незаконски дејствија во врска со пропаѓањето на Експорт-Импорт Банката на Методија Смиленски. 30 ноември - Македонија ги почна преговорите со ЕУ за олеснување на визниот режим.

декември 27 декември - Аеродромот Петровец е преименуван во „Александар Велики“.„Презимето на Александар летна од аеродромот“ , „Дневник“, 29.12.2006

Култура Музика thumb|десно|200px|Елена Ристеска На Евровизија 2006, Македонија ја претстави Елена Ристеска со песната Нинанајна. Божилак, албум на Тоше Проески. 2006, DVD Тоше Проески - стадион '06 - Live, албум на Тоше Проески. 192, албум на Елена Ристеска. Повторно се заљубувам во тебе, албум од Владо Јаневски Кирилица, албум од Александар Митевски Твоето срце, албум на Врчак HELLFIRE'S TRINITY, албум на Maras Mooger Fooger 2, албум на Mooger Fooger Necrotesticvs 2, албум на Necrotesticvs Еволуцијата би требало да започне сега... , албум на Новиот Почеток Море од солзи, албум на Ламбе Алабаковски Ден, албум на Андријана Јаневска Ти да ме имаш , албум на Дани Димитровска

Книги и списанија

Синовски татковци од Димитар Солев Патот до песната од Санде Стојчевски Земја за зобање од Бранко Цветкоски Вештица од Венко Андоновски Кинегонда во Карлаленд од Венко Андоновски Посоки и огледи од Јовица Тасевски - Етернијан Беше и си биле... Приказни за Македон и Македонците од Ангелина Маркус Исхраната на древните Македонци од Ангелина Маркус Животница од Олга Арбуљевска Орбело од Ѓоре Гонев и Петар Трајков Започна да излегува Инфо-Кочани.

Филм и телевизија

thumb|десно|200px Започна да работи Алсат М телевизија. Нави, во режија на Вилијам Шаурек Тајната книга, во режија на Владо Цветановски Започна снимањето на филмот „Сенки“ на Милчо Манчевски, на локации во Скопје. Започна снимањето на филмот „Дома“ на Ѓорче Ставрески.

Објекти Поставен споменикот Скендербег во Скопје. Започна да се гради Глобал во Струмица. Осветена е црквата „Св. Ѓорѓи“ во Волковија. Осветена е црквата „Св. Илија“ во Лубница. Започна да се гради црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес. Изградена е црквата „Вознесение Христово“ во Волково.

Останато thumb|десно|200px|Орден „8 Септември“ За првпат се одржа Скопската ликовна колонија. За првпат се додели Награда „Мајка Тереза“. За првпат се додели Награда „Петре Прличко“. За првпат се додели Орден „8 Септември“.

Спорт Фудбал

ФК Работнички стана шампион по фудбал во сезоната 2005/2006 година. ФК Македонија Ѓорче Петров го освои купот на Македонија. Основан е ФК Илинден (Долнени). Квалификации за европското првенство во фудбал 2008 - група Е

* Пријателски натпревари

Кошарка КК Фершпед Работнички стана шампион во Првата македонска кошаркарска лига. КК Фершпед Работнички го освои купот на Македонија. Формиран КК Ангели.

Ракомет

Женската ракометна репрезентација на Македонија го освои 12 место на европското првенство.

7 декември 2006Србија 23 – 25 Македонија 8 декември 2006Македонија 22 – 30 Унгарија 10 декември 2006Австрија 28 – 25 Македонија

Олимписки игри

30px Алпско скијање

НатпреварувачДисциплинаФиналепрва тркавтора тркатрета тркаВкупноМестоИвана Ивчевскавелеслалом1:13.891:23.47n/a2:37.3640слалом52.4057.73n/a1:50.1348Ѓорѓи Марковскивелеслаломне завршислалом1:04.03не заврши

30px Кроскантри скијање

Далечина НатпреварувачДисциплинаФиналеВкупноМестоДарко Дамјановски15 km класично одење 48:33.7 84

Останато Основана Македонска аикидо федерација - Аикикаи Македонија.

Починати thumb|лево|100px|Петре М. Андреевски thumb|десно|100px|Вера Ацева thumb|лево|100px|Гоце Николовски thumb|десно|100px|Панде Петровски

Петре М. Андреевски, македонски поет. Вера Ацева, македонски комунист. Александар Алексиев, македонски поет. Петар Т. Бошковски, македонски писател. Гоце Николовски, македонски пејач. Васил Григоров Василев, македонски борец. Вукан Диневски, македонски глумец. Мара Исаја, македонска глумица. Зоран Ковачевски, македонски поет. Марија Мирчов - Скаловска, македонски оперска пејачка. Вангел Наумовски, македонски сликар. Димитрие Османли, македонски режисер. Панде Петровски, македонски генерал. Ефтим Таковски, македонски новинар.

Родени Наводи