Алба (, ) е округ во Романија, сместен во средишниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Алба Јулија, а значајни градови се и градовите Ајуд, Блаж и Себеш.
Географија Местоположба мини|десно|280п|Главниот град Алба Јулија Округот Алба е копнен округ, кој се граничи: на север со: Клуж; на североисток со: Клуж; на исток со: Сибињ; на југ со: Валча; на југозапад со: Хунедоара; на запад со: Арад; на северозапад со: Бихор.
Релјеф Округот е дел од историската покраина Трансилванија. Во западниот дел се простира планината Бихор, а во јужниот Карпатите, деоека во средишниот дел на округот се простира плодната долина Мориш.
Демографија Алба спаѓа во групата на окрузи, во кои живее претежно романско население. Според пописот во 2002 година, структурата на населението била следната: Романци - 90,4%Државен завод за статистика, "Populaţia după etnie" Унгарци - 5,4% Роми - 3,7% други - 0,3%
Бројот на населението во округот по временски периоди е претставен во следната табела: Година НаселениеДржавен завод за статистика, "Populaţia la recensămintele din anii 1948, 1956, 1966, 1977, 1992 şi 2002" 1948 361,062 1956 370,800 1966 382,786 1977 409,634 1992 413,919 2002 382,747
Стопанство Главни индустриски гранки во округот се: прехранбената индустрија; текстилната индустрија; дрвната индустрија; механиката; производството на хартија; и хемиската индустрија.
Минерални ресурси Округот Алба е богат со минерални ресурси. Најобилни метали се златото, среброто и бакарот. Освен тоа од округот се исцрпува и сол, а се користат и градежни материјали како мермер и гранит.
Административна поделба Округот е поделен на 4 општини, 7 градови и 68 комуни.
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место
Категорија:Окрузи во Романија Категорија:Држави и територии настанати во 1940 година Категорија:Држави и територии настанати во 1968 година Категорија:Држави и територии настанати во 1925 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1950 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1938 година