Љупчо Силјановски (, ) — македонски поет, раскажувач и драмски писател.
Животопис Силјановски е роден е на 29 јули 1949 година во село Глоѓи, Тетовско. Завршил Педагошка академија во Скопје. Работел како новинар-уредник во списанието „Остен“ и во телевизиската куќа „Телма“. Член е на ДПМ од 1978 година. Добитник е на наградите: „Младост“, „Студентски збор“, „Златно перо“ и „Златна корија“ (за докуметарен филм).
Библиографија Автор е на книгите: Внатрешни огледала (поезија, 1974), Јагула (поезија, 1978), Ангелот од Питсбург (раскази, 1979), Змиски обед (поезија, 1980), Кукавичко јајце (драма, 1983), Стихихијада (поезија за деца, 1984), Срцката на Кате Карате (хумористичен дневник за деца, 1986), Птеродактил (роман, 1986), Црно на бело (афоризми, 1988), Некрополис (роман, 1990), Продавач на месечини (раскази, 1991), Церебрална спална (поезија, 1993).Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 230.
Наводи
Категорија:Луѓе од Глоѓи Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Југословенски поети Категорија:Југословенски раскажувачи Категорија:Членови на ДПМ Категорија: