Скапоцениот скалар (лат. Epitonium scalare) е граблив или ектопаразитски вид на морски полжав со капак, од фамилијата Скалари.

Порано черупките на ова животно се сметале за исклучително ретки и држеле многу високи цени, но не и денес.

Школка лево|мини|Черупката има испапчени ребра наречени „кости“. Овие ребра се многу чести кај членовите на родот Скалари. Черупката на овој вид расте до големина од 60 mm.„Epitonium scalare (Линеј, 1758) Скапоцен скалар“. Џексонвилски школкарски клуб, проверено: 12 март 2010.

Многу видови скалари имаат мошне убави черупки, интересни по нивнот физички состав. Овој вид е особено забележителен, делумно бидејќи е доста поголем од другите видови од тој род, но и поради тоа што свијоците не му се допираат меѓусебно, туку черупката се држи во целина само со помош на добро развиените ребра (кости).

Наводи

Литература Dance, S. Peter, 1969, Rare Shells, University of California Press. 128 стр, 24 илуст. во боја, ISBN 0571082173 / 9780571082179 / 0-571-08217-3

Категорија:Полжави Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј