Просторното и урбанистичкото планирање е континуиран процес кој се обезбедува со изработување, донесување и спроведување на просторен план и урбанистички планови со цел да се обезбеди уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и природата.
Видови на планови Во зависност од просторот кој е предмет на планирањето, Законот за просторно и урбанистичко планирање на Република Македонија предвидува донесување на следниве планови:Закон за просторно и урбанистичко планирање
1 Просторен план на Република Македонија (план за намена и користење на просторот на територијата на целата Република)
2 Урбанистички планови:
Генерален урбанистички план (на ниво на град), Детален урбанистички план (на ниво на дел од град), Урбанистички план за село (на ниво на село), и Урбанистички план вон населено место (на ниво на подрачје надвор од град или село).
Начела Изработувањето, донесувањето и спроведувањето на Просторниот план на Република Македонија и на урбанистичките планови се работи од јавен интерес.
Просторниот план на Република Македонија и урбанистичките планови континуирано меѓу себе се усогласуваат и дополнуваат, и нивното спроведување има задолжителен карактер.
Според Законот за просторно и урбанистичко планирање, начелата во процесот на планирање и уредување на просторот се:Министерството за животна средина и просторното планирање - Сектор за просторно планирање
рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот, услови за хумано живеење и работа на граѓаните, надминување на урбаните бариери на лицата со инвалидитет, оддржлив развој, заштита и унапредување на животната средина и природата, заштита на недвижното културно наследство, заштита од воени разурнувања, од природни и технолошки катастрофи и хаварии, јавност во постапка за донесување и спроведување на плановите, и усогласеност со европските нормативи и стандарди во планирањето и уредувањето на просторот.
Наводи
Категорија:Урбанизам
de:Raumordnung