Виничка Кршла — село во Општина Виница, во околината на градот Виница.
Географија и местоположба Селото Виничка Кршла, се наоѓа на североисточната страна на градот Виница, селото е распрскано на поголема територија над реката Драгобраштица. Од централното градско подрачје е оддалечено 5 км. Селото, односно Кршлата, по која го носи името започнува од источниот излез на градот.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Виничка Кршла живееле 100 жители, сите Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Виничка Кршла имало 112 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.132-133.
Според пописот во 2002 година во селото живееле 99 жители Македонци. Државен завод за статистика
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 58 жители, од кои 57 Македонци и 1 лице без податоци.
Родови
Виничка Кршла е македонско село.
Според истражувањата од 1959 година, родови во селото се:
Доселеници: Јуруци (8 к.), Мечкарци (4 к.), Газарци (3 к.) и Ташовци (1 к.) првите три рода се најстари во селото, доселени се однекаде; Газарци (5 к.), Насевци (3 к.) и Анаќијовци (2 к.) доселени се од селото Драгобраште; Божанци (4 к.) доселени се од селото Илиово кај Делчево. Го знаат следното родословие: Блажо (жив на 49 г. во 1959 година) Ефтим-Арсо, кој се доселил во селото; Туријчани (2 к.) доселени се од селото Турија кај Делчево; Трајановци (2 к.) и Чакалци (1 к.) доселени се од селото Грљани; Митрашинци (1 к.) доселени се од селото Митрашинци кај Берово; Катанци (3 к.) доселени се од селото Дулица кај Македонска Каменица.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 314 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 50 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996, издание на МАНУ, Скопје, Македонија. Во селото има повеќе археолошки наоѓалишта од античкиот римски период, кои се под надлежност на Виничкиот музеј. Барбашки Дол — некропола и тумули од железното време. Вршник — могила од римското време. Градиште 1 — некропола и тумули од железното време. Градиште 2 — утврдена населба од железното време и доцноантичкото време. Ѓафурски Лозја — населба од римското време. Кршлански Гумења — некропола од железното време. Могила — населба и могила од римското време. Русалски Гробишта — некропола од железното време. Сушица — населба и некропола од римското време. Коколов Рид — населба од раното и доцното бронзено време и железно време;
Култура и спорт Во селото постои основно училиште.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Винички села Категорија:Села во Општина Виница