Бакау () е округ во Романија, сместен во средишниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Бакау, а значајни градови се и Обешти и Тергу Очна.

Географија Местоположба мини|десно|200п|Црквата „Св. Никола“ во главниот град на округот, Бакау Округот Бакау е копнен округ во Романија. Окружен е: на север со: Њамц; на исток со: Васлуј; на југоисток со: Галај; на југ со: Вранча; на југозапад со: Ковасна; на запад со: Харгита.

Релјеф Бакау се наоѓа во регионот Молдавија. Округот се простира по средишниот дел од течението на реката Серет. Во западниот дел од округот се издигаат Карпатите, а во остатокот од округот е нивното подножје. Во јужниот дел од округот течезначајната река Тортуш.

Демографија Округот спаѓа во групата окрузи во Романија, во кои претежно живее романско население. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат повеќе од 96% од населението во округот. Сепак овој округ е специфичен по тоа што во него живее специфичната унгарска етничка заедница Чанго, кои сочинуваат 0,7% од населението. Од останатото население, најбројни се Ромите.Recensământul general al populației României din 29 decemvrie 1930, Vol. II, pag. 536-541

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место

Категорија:Окрузи во Романија Категорија:Држави и територии настанати во 1940 година Категорија:Држави и територии настанати во 1968 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1950 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1938 година