Неждет Мустафа (ромски: Neždet Mustafa; во Скопје) — македонски политичар од ромска народност, министер без ресор во периодот 2008–2017 и водач на Обединета партија за еманципација на Ромите (ОПЕР).
Животопис Мустафа е роден во Скопје на 17 мај 1962. Завршил филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Од 1991 до 1994 година работи како уредник во ромската редакција во Македонската радио-телевизија. Тој бил градоначалник на Општина Шуто Оризари во два мандати (1996-2000 и 2000-2002). Во Собранието на Македонија учествува во два пратенички мандати (2002-2006 и 2006-2008). Од 2008 до 2017 година Мустава е министер без ресор во Владата на Македонија. Мустафа во 1991 година е основач на првата ромска партија ПЦЕР, која подоцна се обединила со ДППР и станува Обединета партија за еманципација. Од 2004 до денес е генерален секретар на Ромскиот европски форум при Советот на Европа во Стразбур. Неждет Мустафа е оженет и родител на три деца. Живее во Скопје.
Наводи
Категорија:Македонски Роми Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски Роми Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Пратенички состав 2002-2006 Категорија:Пратенички состав 2006-2008 Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2008 Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Градоначалници на Општина Шуто Оризари