мини|десно|Тојота центар мини|десно|Хјустон Рокетс против Јута Џез

Хјустон Рокетс () се американски професионален кошаркарски тим од градот Хјустон, Тексас. Тимот се натпреварува во Западна Конференција во Националната Кошаркарска Асоцијација (НБА). Тимот бил основан во 1967 година под името Сан Диего Хјустон, и под ова име се задржал до 1971 година, кога го добил денешното име.

Рокетс биле формирани во 1967 во Сан Диего, а потоа биле откупени од Роберт Брејтбард за 1,75 милиони долари. Името Рокетс го добиле по програмата за ракети на General Dynamics-Атлас. Џек Мек Махон бил наменет за тренер на Рокетс, а првиот пик од драфтот во 1967 бил следниот член на куќата на славните-тренерот Пет Рајли. Како и да е, следно нешто за Рокетс било губење на 67 натпревари, што за тоа време бил рекорден број на порази во една НБА сезона.

Во првата сезона тимот има победено само на 15 натпревари. Но по драфтот на Елвин Хејс во 1969, тимот ги игра првите плеј-оф натпревари. Кога Хејс си заминал од тимот, на негово место доаѓа Мозес Малоун за да го замени. Малоун за тоа време освоил 2 МВП награди за најдобар играч во сезоната и го одвел тимот на првото финале во конференцијата. Тој исто така го одвел Хјусон во неговото прво финале во 1981 година, каде што изгубиле во 6 натпревари од тимот на Бостон Селтикс

Во 1984, Рокетс го драфтувале идниот член на НБА Куќата на славните Хаким Олајџувон кој ги однел во финале во 1986, каде изгубиле повторно од тимот на Бостон. Во следните 7 сезони, тимот губел во првата рунда во плеј-офот 5 пати. Тие не го освоиле своето прво првенство сѐ до 1994. Тие ја повторуваат шампионската сезона и во 1995. Но, Рокетс отсуствуваат од плеј-оф натпревари од 1993-2003. Тие не стигнале до плеј-офот, сѐ додека не го драфтувале кинескиот центар Јао Минг, и не поминуваат во првата рунда во плеј-офот сè до 2009.

Состав Име Години Држава Височина ПозицијаЏош Кристофер 20 1.91м бекБруно Фернандо 23 2.06м Крилен Центар/ЦентарУсман Гаруба 19 2.03м Крилен ЦентарЕрик Гордон 33 1.91м бек/крилоЏејлен Грин 20 1.93м бекКењон Мартин Jr. 21 1.98М крило/Крилен ЦентарГарисон Метјувс 25 1.96м бекДаишен Никс 20 1.93м плејмејкерДавид Нваба 29 1.96м бек/крилоКевин Портер Jr. 21 1.93м бек/крилоТревелин Квин 24 1.98м бекДенис Шрудер 28 1.85м плејмејкер/бекАлперен Шенгјун 19 2.08м ЦентарЏеј'Шон Тејт 26 1.96м крило/Крилен ЦентарЏон Вол 31 1.91 плејмејкер/бекКристијан Вуд262.11Крилен Центар/Центар

Наводи

Надворешни врски Официјалното мрежно место на Хјустон Рокетс Хјустон Рокетс на Sports Illustrated Рокетс на Basketball Reference НБА енциклопедија

Категорија:Клубови во НБА * Категорија:Култура на Хјустон